Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во рудникот Суводол при РЕК Битола пуштен во употреба е новиот јаловински систем кој на годишно ниво ќе овозможи ископ на јаловина од 2,5 до 3 милиони тони, што значи за педесет проценти повеќе. Со ова ќе се влијае и врз зголемување на ископот на јаглен во рудникот, намалување на трошоците за механизација, а со тоа и поевтина цена на јагленот што ќе рефлектира во иднина и врз цената на струјата.

Еден ваков јаловински систем чини седум милиони евра, но вработените и менаџерскиот тим во РЕК, во соработка со Фабриката за опрема и делови го направија од репарирани стари делови.

„Ние со сопствени сили оспособивме стари станици и други пропратни елементи за системот со помош на ФОД за да направиме нов систем и да обезбедиме стабилно производство. Една година го подготвувавме системот кој беше долго најавуван, а требаше да работи пред 10 до 15 години. Со ова во РЕК почнуваат работите за новата грејна сезона 2024, а оваа веќе ја завршуваме со над 300 000 тони јаглен на депонија и 50 000 тони од Брод Гнеотино“, рече директорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски.

Ова е втор јаловински систем во Суводол, а четврт во рудниците на РЕК.

„Системот е составен од пет транспортери, пет погонски станици, багер одлагач, во должина од 3 и пол километри и ќе го зголеми двојно ископот на јаловина во однос на претходната година зашто сега ќе копаат два системи“, рече Димитар Петковски, директор на Рудници.

„Со пуштањето на овој систем ќе се намали механизацијата што ќе ископува во рудникот Суводол јаловина која не чинеше многу пари. Со ова ги намалуваме нашите трошоци, а го зголемуваме профитот на компанијата. Ако е поевтин ископот ќе биде и поевтина цената на јагленот, а тоа ќе се рефлектира и на цената на струјата“, рече Драган Видновски, еден од директорите на Рудници при РЕК „Битола“.

 Во Рудникот ПЈС Суводол на РЕК Битола, вкупните резервите на јаглен се околу 45 милиони тони. Со петгодишниот рударски проект по кој се работи во моментов и во следните пет години, лоцирани и обезбедени за експлоатација се 15 милиони тони. Проценките се дека двата постоечки рудници на РЕК Битола – ПЈС Суводол и Брод – Гнеотино, како и рудникот Живојно кој наскоро треба да започне со работа, ќе обезбедат јаглен за производство на електрична енергија во следните 20тина години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 
По реакциите дека не е отстранета таблата со името на Ванчо Михајлов од бугарскиот клуб во Битола, а здружението е згаснато,   денес со црна боја беше премачкани натписот,,Клуб Ванчо Михајлов ВМРО". На улицата ,,Рузвелтова" каде е сместен клубот остана само една од двете табли која го носи името на Здружението -,,Културен центар Иван Михајлов" Битола.
 
Промената очигледно настана по денешното судско рочиште против претседателот на клубот Љупчо Ѓоргиев кога се запре прекршочната постапка зашто е покренатакривична за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
 
 
Денес по судското рочиште Весна Бендевска од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација,  соопшти дека бугарското здружение во Битола се водело на адреса во периферијата на градот, а не во центарот каде имаат отворено канцеларии. Таа рече дека еден од натписите (оној што сега е пребоен со црно)  не се совпаѓа со  името на здружението - Клуб Иван Михајлов.  
 
Бугарското здружението во Битола пред две недели беше избришано од Централниот регистар зашто не направи промени според измените од Законот за здруженија и фондации. Но, таблите со името Ванчо Михајлов останаа до денес. Очигледно под притисок на јавноста едната е премачкани со боја за да не се чита. 

На 03.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода Б.А.(62) од с.Крклино,битолско. При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба”, кое го извршил во објект на приватна фирма во периодот од 01.04. до 03.04.2023. Тој бил задржан во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против Б.А ќе следува соодветна кривична пријава.

М-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста  беше во посета на Библиотеката Städtische Bibliotheken Dresden во Република Сојузна Германија.

„Возење велосипед по перонот -500 динари“. Овој натпис на влезот од Железничката станица во Битола, на стар и корозиран лим, останал како нем сведок за едно време, кога имаше ред и поредок.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани