
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Досегашниот генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски си поднесе оставка од прв човек на компанијата поради лични причини.
„Оваа го имавме разговарано уште во текот на минатата година, дека има потреба да се посвети повеќе на своето семејство поради големите работни обврски што ги поминува секој менаџер во една ваква криза во голема компанија која ја снабдува цела држава со електрична енергија. До мене усно, а утре и писмено ќе биде доставена оставката која ќе биде усвоена на следната седница на Влада и ќе биде препорачано нов директор на ЕСМ да биде избран Васко Стефанов, досегашен директор на Пошти, а претходно на Водостопанство, во приватниот сектор, менаџер во техничка логистика на Техничкиот факултет, со големо менаџерско искуство“, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција за годишниот извештај на АД ЕСМ за 2022 година.
Премиерот му се заблагодари лично на Ковачевски за вложениот труд во менаџирањето на компанијата во исклучително тешката ситуација поради енергетската криза, трпеливоста, знаењето и трудот што тој и останатиот менаџерски тим го вложија во снабдувањето на државата со електрична енергија.
И министерот за економија Крешник Бектеши му се заблагодари на Ковачевски за големиот труд и истакна дека има само позитивни зборови за вработените во РЕК, ЕСМ и Ковачевски.
„Моја заложба и на претседателот на Владата беше да го убедиме Ковачевски и другите членови на УО да работат до завршувањето на кризата и денес сме во ситуација каде имаме позитивни резултати од ЕСМ кои не беа очекувани ако зборувавме пред шест до осум месеци. Но, тие покажаа дека компанијата може да се носи со енергетската криза“, рече Бектеши.
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2023 година.
Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката на ООУ „Коле Канински“-Битола, Дијана Толевска Христовска.
Пазарџиите од Новиот пазар во Битола бараат државата да им дозволи во следните три дена да ги продадат веќе набавените земјоделски производи по старите цени зашто ги купиле по повисоки уште пред да биде соопштено дека ќе бидат замрзнати.
„Ќе се уништи земјоделството со овие цени. Тоа што беше стигнато од увоз го набавивме, нас никој не не информира дека ќе бидат замрзнати цените, научивме преку медиуми во понеделникот во 16 часот, а ние на тој ден од сабајле ја порачуваме робата. Владата требаше да не извести една недела претходно за да можеме да ја продадени робата. Како ние сега да ги помириме давачките по 10 000 денари за тезгите кога ни за леб не можиме да извадиме?
Нека не остават овие два-три дена да нема инспекции да си ја продадеме робата што скапо ја плативме. Доматот го купивме 94 денари како сега да го продаваме 70 денари. Требаше прво да се стопира царината каде што врват шлепери што стигаат на кванташки пазар, па доаѓаат во Битола“, рече Валентина Мицеска претставник на пазарџиите од новиот пазар ви Битола.
Тие нивните барања ги испратија до Јавното претпријатие „Пазари“ во Битола, Општината и Владата.
