
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Велосипедски патеки, организирани активноси за забава и дружење на младите, згрижување на кучињата скитници, повеќе пешачки зони во градот се само дел од барањата што младите битолчани ги доставија до Општина Битола. Ова беше дел од акцијата за младински граѓански активизам “Во каков град сакаш да живееш? - кажи го твоето барање кон општината за Битола да биде град по мерка на младите" во организација на Еквалис. Настаните се одржаа на 30 март во три средни училишта „Јосип Броз- Тито“, „Таки Даскало“ и „Ѓорѓи Наумов“, а потоа беше побаран прием кај градоначалникот за младите да му предадат барањата.

„Организиравме акција за собирање на мислења, идеи и потреби од нашите соученици. Сакаме да бидат чуени потребите на младите. И сакаме Битола да биде град на младите, да живееме овде наместо да се иселуваме ви странство“, рече Емилија Трампевска , ученичка во „Таки Даскало“ Битола.

На повикот од организацијата „Еквалис“ - за учество на младинска програма за активно граѓанство во Битола учествуваа 20 младинци, студенти и средношколци од Битола. Програмата ги опфати темите за човекови права, стереотипи/ предрасуди, опасноста од лажните вести, демократски систем и граѓанско општество, форми на граѓански активизам - со акцент на развивање на дух на меѓусебно почитување и соработка. Програмата имаше и мултиетничката компонена, па една третина од од учениците беа Роми.
„Младите луѓе од нашиот град се жедни за содржини кои ќе им дадат културна и социјална вредност на нивните младешки животи. Низ шесте работилници учесниците учеа нови информации, разменуваа мислења и знаења кои ги имаа стекнато, а најмногу учеа по методот учење преку правење. Сите идеи произлегоа од самите учесници, јас како тренер и организацијата Еквалис која го отвори повикот стоиме како логистичка и менторска поддршка. Настанот е насловен "Битола- град по мерка на младите" и има за цел прибирање на информации кои сѐ потреби мислења и идеи ги имаат младите луѓе во нашиот град. Кои содржини и потреби ќе им го збогатат квалитетот на нивниот младешки живот“, рече Денис Арслановски, тренер.

Собраните информации беа адресирани до носителите на одлуки, а организаторите изразија надеж дека потребите и барањата на младите луѓе се приоритет во нашето општество и треба да им се даде простор поактивно да учествуваат во демократските процеси во нашиот град.
„Соработката со школите и општината досега беше одлична, ја поддржа и програмата и оваа младешка иницијатива. Тоа многу ме радува, бидејќи на тој начин им даваме можност и поттик на младите да бидат поактивни граѓани. Акцијата се одвива во школските дворови на три средни училишта - кои многу срдечно одговорија на сите барања за изведувањето на настанот. А, особена поддршка дадоа професорките Весна Мундишевска Вељановска и Живка Танушевска од ‘Таки Даскало’ кои споделија многу од нивните ресурси и вклучија многу ученици“, додаде Арслановски.

Реакцијата на СДСМ Битола на изјавата на советничката Лидија Павловска.
Изјава на Лидија Павловска, советник од ВМРО ДПМНЕ за последните случувања во Средното медицинско училиште.
Факт е дека веќе од поодамна немате што да им понудите на Битола и битолчани! Не мислите ли, дека крајно време е да престанете да се служите постојано со изнесување лаги? Не мислите ли дека криејќи се зад вашата неспособност, безидејност, вашата дрскост, не можете да побегнете од пропаста во која ја доведовте Битола? Да, токму така, градоначалникот е одговорен за училиштата во Битола, па ако веќе тоа го тврдите, тогаш зошто помогнати од централната власт постојано опструирате на сите возможни начини и по секоја цена ги штитите вашите партиски неспособни кадри. Никаква грижа немате за воспитно - обрзовниот процес, а она со што располагате се гледа на дело дека тоа не се кадри кои знаат и умеат да ја организираат наставата и да се грижат барем учениците да бидат безбедни во училиштата.
И последниот инцидент во медицинското училиште, неотповикливо потврдува дека нужно е да си поднесете оставки од позициите-директори, со кои очигледно не можете да се носите!
Од Битола, создадовте град во кој од година во година има се помалку првачиња, од училиштата создадовте борилишта помеѓу наставниот кадар, поставувајќи кадри кои не знаат да менаџираат. И за крај, сите ваши лаги по кои сте им веќе познати и препознатливи на битолчани, уште пред подолго време ви се срушени, токму како и срушениот таван во медицинското училиште.
Без срам лажете дека градоначалникот не издвоил ниту денар од општинскиот буџет за средните училишта, а и самите знаете дека лани беа издвоени 26 400 000 денари, а оваа година 48 700 000 денари за купување на информатичка и друга опрема и реконструкција на објекти.
И повторно прашуваме, зошто директорката на медицинско ја одби финасиската помош кога и беше понудена? Не знаеше ли во каква состојба и е училиштето, не беше заинтересирана или свесно опструираше соработка со локалната власт?
Навистина, не остана повеќе ниту милиметар простор за манипулација.
Директорке, Наташа Илиева, имајте малку доблест и веднаш поднесете си оставка! Тоа е најмалку што можете во овој момент да го направите!
