Анета Блажевска

Анета Блажевска

„Ете една од многуте случки кои се случуваат во Медицинското училиште во Битола Др"Јован Калаузи" на чело со директорката  која што проблемите како овај ги притајува и не реагира, а во прашање е живот на ученици односно, во овај случај 16 годишно девојче.


Изјава од учениците кој беа сведоци на тоа што се случи:


Имено, утринава девојче се упатило во тоалетот каде што таванот и се срушил врз глава и одвај се извлекла од тоалет. Ученичката уредно пријави, преплашена од ситуацијата. Најжално и мизерно е што во тој момент никој не изрегира соодветно на ситуацијата.
Директорката влезе во класот каде учи девојчето после еден час и со добри манипилации се потруди да ги замолчи учениците со цел умешно да ја прикрие настанатата ситуација. Цитирам:
"ПА ТИ СИ ЈУНАК,БИТНО СИ ЖИВА" смеејки се ја потапка по грбот и убедубајки ја дека се е во ред. Но,кога учениците се побунија и кажаа дека се загрижени за нивната безбедност,таа бурно изреагира и рече како немаме право на глас. И нашата безбедност е на високо ниво.
Ние учениците,јавно ѝ поставуваме прашање на не одговорната "загрижена" директорка како после оваа ситуација да сме смирени и нашите родители да веруваат дека нашата безбедност во Средното медицинско училиште е на високо ниво?
Денес ова, а утре што?
Каде се одговорните да реагираат?“

(Анономно писмо од ученици во Средното медицинско училиште во Битола)

Истото анонимно писмо е објавено на социјалните мрежи и се препраќа меѓу средношколците од Битола.

Инцидентот се случи утрово,  од Општината соопштија дека незначително е повредена ученичка и побараа одговорност од директорката, а таа ни рече дека девојчето не е повредено, само е исплашено и во разговор со родителите ѝ рекле дека е добро.

На 25.03.2023 година во Битола се одржа втората обука во рамките на проектот FAST FORWARD на тема “Генерирање на бизнис идеи” на која 15-тина млади од руралните општини: Новаци, Могила, Кривогаштани, Долнени, Ресен, Демир Хисар, Кривогаштани и Крушево се стекнаа со нови знаења за генерирање, анализа и селекција на претприемнички идеи кои имаат потенцијал да се развијат во бизнис план а потоа и во одржлив бизнис.

про2

За време на обуката, младите претприемачи идентификуваа бизнис идеи кои ќе решаваат конкретни проблеми и се стекнаа со вештини за споделување и соочување на своите бизнис идеи со поширока публика. Како дел од проект кој е поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија а имплементиран од Здружението на граѓани за унапредување на развојните процеси - Про Локал Битола, за време на настанот, идните претприемачи од регионот стекнаа нови знаења на теми поврзани со развојот на претприемништвото како што се: микро-анализа на бизнис идеја, пичинг на бизнис идеја и се запознаа и со основните критериуми за анализа и селекција на бизнис идеја.

Со цел дополнителна мотивација на учесниците, за време на обуката своја презентација одржаа и оснивачите на стартапот “УЛАФ СТЕ” од Битола кои и покрај тоа што се лица со пречки во слухот и говорот, успешно го водат својот бизнис и тоа во време на здравствени рестрикции, инфлација и општ пад на економијата.

про3

про4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани