Анета Блажевска

Анета Блажевска

Интегрално ја пренесуваме изјавата на Весна Баковска од СДСМ: 

„Изразуваме жалење и ѝ посакуваме побрзо оздравување на ученичката од Медицинското училиште која вчера беше повредена при пад на дел од таванот во тоалетот.

На лажниот душегрижник, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, му порачуваме да се разбуди од сонот кој го сонува веќе 17 месеци. Градоначалник не е само титула, туку и обврска. А, одговорен за состојбите во битолските училишта, вклучувајќи го и медицинско е единствено тој. Коњановски откако е на власт во Битола целосно ги заборави средните училишта. Тоа може да се види и од Извештаите за извршување на буџетот на општината за 2022 година Коњановски потроши 30 милиони евра за една година, но лани не издвоил буквално ниту денар од општинскот буџет за средните училишта.
По затекнатиот хорор во 2017 година во медицинското училиште во Битола - распаднати училници, тоалети без врати, искршени прозорци – во училиштето беа изведени низа реконструктивни зафати. Инцидент како тој вчера ниту некој замислувал, ниту посакувал и затоа бараме преку соодветни процедури да се расчисти случајот.
После 17 месеци власт во Битола, време е раководните кадри на ДПМНЕ да понесат одговорност. И во медицинско и во техничко и во Водовод и секаде каде се огрешиле. Наголемата одговорност за Битола ја има градоначалникот Тони Коњановски кој секој ден докажува дека не знае да менаџира со градот“, ијави Весна Баковска од СДСМ

Јас, Наташа Илиева, директор на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“- Битола и се обраќам на јавноста со намера да ја запознаам со фактите поврзани со вчерашниот немил настан во училиштето. Сметам дека настанот не треба да се злоупотребува од поединци и групи за добивање на партиски или политички поени и дека тоа не е во интерес на учениците и нивното подобро образование.

Вистина е дека една ученичка била во тоалетот кога паднал дел од плафонот. Веднаш по настанот разговаравме со ученичката и, освен вознемиреност од настанот, таа немаше видливи повреди. Затоа, по нејзина волја, ученичката остана до крајот на часовите.

Вистина е дека училиштето се реновираше со средства од Министерството за образование и наука, но тоалетите не беа опфатени со оваа реконструкција.Истите се реновирани пред 4 години со средства од донации. Во овој период, не се појавил некој видлив и значителен проблем во функционирањето на истите и поради тоа не се побарани средства за нивна повторна реконструкција ниту од општината, нуту од МОН.

Треба да се знае дека во училиштето нема стручно лице кое може да предвиди дали и кога би се случил ваков или сличен немил настан. Затоа денес побарав од општината да испрати стручно лице кое ќе ја утврди безбедноста за користење на останатите тоалети во училиштето со цел да се превенираат вакви настани.

Како директор на училиштето разговарав со ученичката и нејзините родители во врска со настанот и останувам во комуникација со нив за се што е потребно.

Воедно, како директор, ги уверувам учениците, родителите и целокупната јавност дека ќе продолжам да се грижам за успешна реализација на воспитно-образовниот процес. Останувам посветена на обезбедување квалитетни и безбедни услови за учење на учениците и работа на наставниците во нашето училиште.

Со почит, Наташа Илиева, директор на училиштето

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани