2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ПРИЕМ НА АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ

 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска оствари средба со амбасадорката на Израел, Вивиен Аисен.
 
Соговорниците ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји, а градоначалникот на Битола ја запозна амбасадорорката со личната карта на Битола, нејзината историска, културна и економска важност за земјата и можностите за взаемна соработка.
 
Посебен акцент беше ставен на развојот на туризмот и продолжување на комуникацијата со израелскиот град Бат Јам.
 
Коњановски и Аисен зборуваа и за историјата на Еврејска заедница во Битола.

Визуелни елоквенции“ – нова поетска книга на Лили Бошевска во издание на „Матица македонска“ 1000010618

 Книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави новата поетска книга на Лили Бошевска, „Визуелни елоквенции“. Станува збор за оригинален книжевно-ликовен проект – секоја од песните во книгата е во дијалог со дело од ликовната уметност, од истакнати ликовни уметници од Македонија и од светот. Со тоа, најновото дело на Бошевска се вбројува меѓу оние што во македонскиот културен простор, експлицитно го поттикнуваат дијалогот на поезијата со другите, некнижевни форми на уметнички израз, докажувајќи дека делата од различни уметности можат едно со друго да се дополнуваат, оформувајќи ја големата слика за пораките и светот на творецот.

 1000010620

„Во уметноста, како и во љубовта, човек може да го даде само она што го има.“ Оваа мисла на Владислав Сштемински (1983-1952) се издвојува како носечко мото на книгата на Бошевска, што се потврдува и преку тематско-мотивските преокупации на Бошевска засведочени во песните поделени во осум циклуси. Поезијата од оваа поетска книга, покрај мултимедијалноста остварена со дијалогот со ликовната уметност, се одликува и со силни интертекстуални, пред сѐ хипертекстуални врски со филозофијата и со историјата на книжевноста, пред сѐ со митологијата, во потрагата по одговори на суштински прашања за човековото постоење. Накусо, покрај со концептот и внатрешната архитектоника со која се издвојува како осмислена и заокружена целина со концепт, а не само како збир на песни, „Визуелни елоквенции“ се издвојува и со автентичноста на стилот на Бошевска, којшто ја претставува како поетеса-ерудит и промислувач. Значајно е да се напомене дека најголемиот дел од делата од ликовната уметност што се во дијалог со песните на Бошевска се од понов датум, при што во книгата се гради синтеза меѓу архаичното (митолошкото) со интертекстуалната врска во стиховите, колективното, индивидуалното и најсовременото, а притоа се понесува заклучокот дека Бошевска, всушност трага и успева да дојде до поетски одговори на веничните прашања за човекот, творецот и уметникот воопшто.

 1000010619

Раде Силјан

„Матица македонска“

Промоцијата на најновото остварување на Лили Бошевска, пред бројна публика, се одвиваше на 12.12 2025 во галеријата „Ранко Струмениковски“ која станува  неодминлив простор во кој редовно се случуваат квалитетни културни настани.

Во книгата, покрај песните со оригинален и веќе препознатлив стил, како инспирации и илустрации избликнуваат и ликовните дела на повеќе домашни и странски ликовни уметници: Сергеј Андреевски, Владо Ѓорески, Никола Пијанманов (Македонија), Валерија Бертесина (Италија),Виктор Мануел Хернандез Кастиљо (Мексико), Деница Јанева(Бугарија), Снежана Кезеле (Србија), Лукаш Богдан (Полска). Автор на корицата е уметникот Владо Ѓорески.

На промоцијата со свои осврти се обратија и поетесата Милица Радевска –Димитријовска како претставник на издавачот, рецензентот Добре Тодоровски, Гордана Петров- Такец и галеристот Драган Ристевски. Поезијата ја читаа Климент Ристески, Теодора Кулевска и Рамадан Рустемов.

СВР Битола извести - На 16.12.2025 во 1:40 часот во СВР Битола, Ф.А.(36) од Битола пријави дека на ул. „Г. Васко Карангелевски“ комплекс „Нов Пазар“ во Битола, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Водовод Битола 
Се известуваат сите корисници на нашите услуги, дека на ден 17.12.2025 г. (среда), поради планиран прекин на електричната енергија, од страна на ЕВН, управната зграда на ЈКП „Водовод“ – Битола нема да работи.
Наплатните пунктови на улиците „Рузвелтова“ , "Васко Каранѓелевски" , дежурните служби за пријави на дефекти и водомерно одделение ќе работат со редовно работно време.
Со почит,
ЈКП "Водовод - Битола

 КИНО ПОД ЅВЕЗДИТЕ за зимските празници!

 
Има Варшава…
А сега ќе има и Битола.
Ова е и прво зимско кино во Македонија, објави организаторот на Зимската приказна Општина Битола најавувајќи зимско кино на Плоштадот "Магнолија" во Битола под ведро небо.
 
-Зимата во Битола годинава добива своја кино-сцена под отворено небо со светилки над плоштадот Магнолија, столици под ѕвездите
и филмови што се дел од нашата празнична меморија.
 
Оваа година светот слави и јубилеј:
 „Home Alone“ – 35 години филм што стана празничен ритуал па еве и два наслови од франшизата
  Кино програмата ќе трае 5 денови од 20-25 декември на плоштадот Магнолија, а почетокот на проекциите е 17.00ч. 1000010586
 
Репертоар ▪️
• Home Alone
• Home Alone 2
• Elf
• Grinch
• Die Hard (да, и ова е божиќен филм)
 
Битола не глуми зимска приказна.
Таа ја живее.
 
Кино под ѕвездите | Зимска приказна – Битола 25/26
Бесплатен влез, седишта за оние кои ќе дојдат по принципот • прв дојден/прв услужен, објави организаторот. 

ЈП Стрежево Битола известува дека секој викенд чајџилницата ќе биде отворена од 08:00 до 15:00 часот.

-Повелете - уживајте во планинскиот мир, топол чај и чист воздух што освежува. 
Природата е секогаш најдобро место за мал одмор, порачуваат од ЈП Стрежево. 1000010584

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани