2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Пробиена е новата велосипедска и пешачка патека од Цапари до НП Пелистер, потврди за АПЛА Иванчо Тошевски, директор на НП Пелистер. "ЈУНП Пелистер роденденот го одбележува со голема работна акција за пробивање, расчистување и уредување на планинарска и велосипедска патека која ќе го поврзе с.Цапари со НП Пелистер. Патеката е во должина од 4km, висинска разлика од 500 метри и ќе биди дел од кружен систем на велосипедска и планинарски патеки кои ќе ги поврзуваат с.Цапари и  с.Ротино со НП Пелистер. Работните активности се изведуваат со поддршка на локалното население, планинари и велосипедисти од EXTREME BIKE TEAM Битола. Активностите по повод роденденот продолжуваат во понеделник со работна средба на сите четири Национални паркови во Инфоцентарот на НП Пелистер", изјави директорот Тошевски за АПЛА. Фото АПЛА.мк 1000009711 1000009708 1000009712 1000009709 1000009716

БИТОЛА ЦВЕТА И ВО ЕСЕН

 
Со пригодна свеченост откриен муралот на австралискиот уметник Финтан Скот Меги во центарот на градот по повод 30 години билатерални односи помеѓу Македонија и Австралија.1000009674
 
„Фантастично е што сум тука, посебно ми е драго што се запознав со градионачалникот на Битола, Тони Коњановски. Тука со нас е еден од најдобрите уметници за мурали во Австралија. Овој мурал што го гледате позади нас, кој сеуште не е довршен, ќе има разни симболи на Македонија и на Австралија и токму ќе го претставува она што треба да ги одразува односите меѓу нашите две земји“ рече во своето обраќање Австралискиот амбасадор Н.Е. Петер Трасвел, кој заедно со почесниот конзул на Австралија денеска беше во Битола.1000009673
 
Градоначалникот Тони Коњановски ја искажа благодарноста и честа прв пат со амбасадорот да се запознаат токму на овој настан. 1000009676
 
„Овој мурал изработен од еден од најпознатите уметници го промовира и претставува пријателството помеѓу Австралија и Македонија, цврстите врски, со оглед на тоа што имаме огромна дијаспора која секоја година се почесто за среќа доаѓа тука, се враќа во татковината и ова ќе биде уште еден симбол на цврстото пријатество меѓу двете земји, токму на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи“, рече Коњановски. 1000009675
 
Коњановски рече дека ова е добра идеја да продолжиме и натаму и со мурали да си го разубавуваме градот.
 
Уметникот Финтан Скот Меги пред да го направи овој мурал во Битола, има направено мурали во многу европски и светски земји.
 
„Јас сакам преку муралот, преку предмети да ги раскажам приказните кои што луѓето ги доживувале кога доаѓале во Австралија. Сите предмети на муралот ќе ги одразуваат пријателските односи меѓу луѓето“ рече австралискиот уметник. 
 
Муралот е на зграда во близина на некогашната стоковна куќа „Јавор“.

На денешната промоција на Националниот портал за електронски услуги во Битола, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот Тони Коњаноски, присуствуваа на настанот во рамки на караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција и приближување на порталот uslugi.gov.mk до граѓаните. Денеска порталот има близу 240.000 корисници, што покажува голем интерес на граѓаните за електронските услуги. Сè повеќе ги користат истите, бидејќи им нудат можност побрзо да стигнат до посакуваната услуга и побрзо да си ја завршат својата работа”, истакна Андоновски.

Министерот го спомена и позитивниот пример со ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој рече дека услугата целосно се добива онлајн.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика и да ја информирам јавноста дека 39.000 студенти на додипломски студии веќе аплицирале и го добиле својот ваучер, а 20.800 веќе ги искористиле и си набавиле електронски уред”, изјави Андоновски, додавајќи дека Битола е секогаш во фокусот на министерството. Тој се осврна и на Центарот за услуги во Битола, за кој рече дека бележи одлични резултати и висока посетеност на граѓаните.

Градоначалникот Тони Коњаноски го поздрави присуството на министерот Андоновски, за кој рече дека е еден од најактивните и дека придонесува дигиталните услуги да се доближат до граѓаните во ова време на дигитална ера. Тој најави и идна соработка на Општина Битола со Министерството за дигитална трансформација со цел дигитализација на општинските услуги.

На 28.11.2025 година, во Организација на  Федерација на училишен спорт и МССФ во новата сала за спортско стрелаштво во Скопје се одржа Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка за основни и средни училишта. Учество зеде и Општинскиот сојуз за училишен спорт Битола со поддршка на Стрелачкиот клуб „Пелистер“, учениците од основните и средните училишта кои учествуваа на натпреварот се вратија во Битола со вкупно шест медали – кои имаа извонреден резултат што го истакнува континуираниот напредок и посветеност на младите стрелци. -Честитки за сите натпреварувачи! Продолжуваме посилно – со секој истрел чекор поблиску до нови успеси, велст од клубот ,,Пелистер"   1000009657 Со особено задоволство и гордост ги објавувавме добиените медали на тимот кој се врати во Битола со вкупно 6 медали! 

Исклучителен успех и голема мотивација за понатаму. 1000009659
 
 Основни училишта– женски:
• Сара Саздовска – 2 место
 
Основни училишта – машки:
• Димитар Каровски – 1 место                                  
Средни училишта – женски:
• Теодора Христова – 2 место
• Лела Стојановска  – 3 место
 
Средни училишта – машки:
• Вања Арсиќ – 1 место
• Aндреј Велјаноски  – 2 место 1000009660

     

ИЗБРАН НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕНАТОТ НА УКЛО

 
Проф. д-р Елизабета Тошева, редовен професор од Правниот факултет – Кичево, е нов претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Постапката за избор на претседател на Сенатот ја спроведе Изборна комисија, со тајно гласање, на 240. седница на Универзитетскиот сенат.
 
Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста претседател на Сенатот е неспоива со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија. Мандатот на претседателот на Универзитетскиот сенат е една година.
 
Заблагодарувајќи се за поддршка, претседателката на Универзитетскиот сенат, професорката Елизабета Тошева, ја истакна определбата за континуиран придонес во успешното зајакнување на улогата на УКЛО, координирана работа со сите академски чинители, имајќи ја во предвид мисијата за квалитетно образование и постигнување на целите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани