
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во текот на денешниот ден (02.10.2022)во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата констатирани и законски санкционирани се 23 возачи. За време на контролата биле санкционирани и останати 18 прекршоци.
Врвот Големо Врвче се наоѓа на 2103 мнв на Баба Планина и е поретко искачуван врв, затоа што не постои маркација од Преспанска страна, освен козји патеки во пониските делови. Теренот не е лесен за искачување поради стрмниот камењар во завршниот дел. Стартна точка е црквата Св. Атанас над село Штрбово на надморска височина од 1112 метри
-Врвот е дел од Баба Планина и зазема централната позиција над Преспанското Езеро, поради што погледот од Големо Врвче кон цел Преспански регион е величествен, вели Иванчо Тошевски, кој до редакцијата на апла.мк ги испрати овие фотографии
Територијалната противпожарна единица во Битола, продолжува да ги подобрува материјално – техничките услови, а со тоа и капацитетите за интервенција во случаи кога тоа е потребно. Новата противпожарна опрема, која општината ја доби за територијалната противпожарна единица од Дирекцијата за заштита и спасување се состои во комплетен сет од спасувачки систем за стабилизирање и подигање при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди и комплет сет за спасување од поплави.
Со денешната донација од ново теренско возило за гаснење на пожари на отворен простор, се дополнува и возниот парк на ТППЕ Битола.



НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола го одбележа Први октомври- Меѓународниот ден на старите лица со донација на над шеесеттина наслови во Приватната установа за социјална заштита на стари лица- Дом Софија.
Книгите ги предаде директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“- Битола м-р Бојан Стефановски при што истакна:„ Ајде да ги поттикнеме нашите деца, нашите блиски, општествено одговорните приватни компании, образовните институции и сите други да почнеме да се грижиме за старите лица, и тоа како што би сакале да се грижат за нас кога ќе ги надраснеме нивните години. Јас знам дека сите заедно можеме повеќе, и како граѓани и како институции!”
На овој настан присуствуваше и писателката Славица Гаџова Свидерски која им прочита неколку нејзини поеми. Библиотекарите во секое време се стремат да остварат прекрасни работилници па заедно со писателката и тие им прочитаа прекрасен расказ за тоа колку може да се научи од возрасните. Низ пријатен разговор се запознавме со корисниците на установата, кои се прекрасни личности од кои може многу да се слушни за животот и да се научи. Им посакуваме уште многу заеднички дружења и во иднина да ни останат со добро здравје.
