АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански Регион ја започна вторта сесија на регионални форуми кои што ги имплементира во рамките на проектот „Одржлив инклузивен регионален развој“, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој. Од вие форуми лани, како најдобар беше избран проектот за Парк за деца и лица со посебни потреби кои се изгради во Битола.
Електростатските филтри не се реконструирани откако постои РЕК Битола, но тоа годинава ќе се промени. Објавата за избор на изведувач на работите ќе се случи во текот на месецов, а работата на терен предвидена е кон крајот на летото. Прво ќе се реконструира електростатскиот филтер на Блок 3, а во следните две години и филтрите на Блок 1 и Блок 2. Работите мора да се одвиваат сукцесивно бидејќи за времетраење на реконструкцијата блокот мора да биде надвор од функција. По завршувањето на реконструкцијата на електростатските филтри, ќе следува и проектот за десулфуризација, вели генералниот директор на РЕК-Битола, Златко Ќурчиевски
Гоце Делчев самиот кажал и напишал чиј е, а за тоа на кој јазик зборувале Гоце Делчев и Браќа Миладиновски нема смисла да спориме во 21 век. На Австрија не и пречи да зборува германски јазик, а да биде независна држава, рече вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов на денешната промоција на книги за Тодор Александаров, полковник Дранго и други личности во Битола.
Доаѓањето на лидерот на ВМРО- Бугарска национална партија да ги промовира книгите токму во Битола, ги разбрануваа емоциите на битолчани. Пред самиот почеток на промоцијата за влакно беше избегнат инцидент откако музичарот Славчо Спировски Слав му упадна во збор и го негираше тоа што Каракачанов го кажуваше за Делчев.
Општинскиот Сојуз на Борци од Битола се противи на доаѓањето на Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана на Република Бугарија да ја промовира неговата најнова книга посветена на Тодор Александров, оваа сабота во Битола
Д-р Билјана Гагачовска, специјалист психијатар, е новиот ве-де директор на ЈЗУ Клиничка Болница Битола. Гагачовска доаѓа од редот на вработените како раководител на Одделението за ментално здравје на деца и млади при КББ, и е добро позната на битолската јавност заради нејзината успешна работа со деца и адолесценти.
„Глобалното затоплување, претставува сериозна закана и предизвикува сериозни климатски промени. Како последица на овој феномен, снегот го нема или брзо се топи и на ски центарот Нижеполе. Јавното претпријатие 'Стрежево' како општествено одговорно претпријатие, превзема чекори за поефикасно справување со климатските промени и примена на еколошки иновативни пристапи и технологии. Затоа, во интерес на сите граѓани, а со цел збогатување и подобрување на вкупната туристичка понуда на Пелистер, потребата од континиуирана и продолжена сезона за скијање, ќе се направи физибилити студија за проект за вештачки снег.
Типот на сензори за мерење квалитет на воздухот какви што се инсталирани и во Битола добија престижната награда за најдобар сензор во категоријата "Monitoring and Awareness in Outdoor Air" (Мониторинг и свесност за воздухот на отворено) на "AIRLAB Microsensors Challenge 2019" организиран од AFD и Airparif во Париз (Франција), соопштија од платформата „Земи здив“.
„За време на натпреварот беа сеопфатно тестирани 34 сензори од целиот свет врз база на 44 параметри во временски период од 4 месеци во француската престолнина Париз и неговата околина. Глобалната мрежа Airly е избрана за најдобра компанија меѓу оние со ниски трошоци за мерења на отворен простор“, велат од „Земи здив“.
Во Битола од двете државни мерни станици работи само едната. Макрадули рече дека преку Интерег програмата за прекугранична соработка со Грција ќе се постави уште по една мерка станица за аерозагадувањето во Гевгелија и Битола. Рече дека политиката за аерозагадувањето секоја земја членка на Европската Унија ја гради врз основа на скапи станици, а не на сезнори кои можат да дадат индикативни податоци.
Младата Кристина Николовска беше единствената девојка меѓу скокачите по крстот во Битола. Со години ова беше само машка традиција, а Кристина покажа дека и девојките можат да учествуваат рамноправно во церемонијата. Таа беше единствената девојка меѓу триесетемина машки кои скокнаа во базенот.
„Согласно Стратегија за долгорочно снабдување на РЕК Битола со јаглен за период 2016-2046, изработена во 2017 година, произлегува дека од технолошко-технички аспект, државата има можност да ги искористува резервите од јаглен до нивното исцрпување, што според сегашното ниво на расположливи податоци и врз основа на стратегиските определби од актуелните стратегии на ЕСМ, се посочува на периодот до и после 2050 година, одговори Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ, на прашањето колкави се резервите на јаглен и до кога би можел РЕК Битола да работи, во интервјуто дадено за Македонско радио.
Општина Битола бара измени на Законот за старо градско јадро донесен во 2015, зашто поради големиот опфат и потребните дозволи ги кочи инфраструктурните зафати. Дури и за да изгребе асфалт или да изврши рехабилитација на некоја улица на Општината ѝ требаат дозволи од битолскиот Завод и музеј и од Управата за заштита на културното наследство. Тоа се зафати кои треба да се изведуваат во континуитет и не ја нарушуваат споменичната целина, а сепак, потребна е бројна документација што ја одолговлекува постапката.
Битолчани не можат без коледарски огнови, тоа го докажаа и годинава. Не е еколошки, не е верски обред, но факт е дека е традиција врежана во колективното однесување со десетици години. Ако се изезмат пијанките, дружбата околу огнот барем е чин на социјализација.