2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Шо рече

Место пари за пари за врби, мостови и споменици, оние што вчера рековте дека прошетале низ Битола, таа влада или тие Електрани издвојуваат 2 и пол милиони евра за набавка на клима инвертери во општина Битола. Кажете кога претходната Влада одвоила два и пол милиони евра и за што за Битола? Одберете ја областа која ја сакате и кажете 2,5 милиони евра дадовме дали за амбиенталниот воздух, вработувањата, за економијата, патиштата околу Битола итн, итн. Вака претседателот на Советот Валентин Груевски денес им возврати на советниците од опозицијата кои ги критикуваа краткорочните мерки за животна средина што ги гласаше Советот.

Електростопанство на Македонија ќе биде главно  насочено кон развој на обновливите извори на енергија,а веќе оваа недела ќе биде потпишан договорот за изградба на фотоволтаична електрана на местото на стариот рудник Осломеј со инсталирана моќност од 10 мегавати, веднаш потоа ќе следат  дополнителни 10 мегавати инсталирана моќност како инвестиција на ЕСМ, а следува и изградба на две фото напонски електрани од по 50 мегавати на истата локација, на принцип на јавно приватно партнерство.

Новата мерка на Владата на Република Северна Македонија обезбедува целосно финансирање за инвертер клима уреди за 2500 семејства во Битола, како еден од четирите најзагадени градови во земјава. Мерката нуди повеќекратни поволности, кои покрај квалитетната и здрава животна околина ќе влијаат и на буџетот на граѓаните. Греењето со дрва и тврди средства влијае и на загадувањето во домовите и затоа е подобро да се замени со друг, еколошки начин.

Во музеите ни велат не допирајте, а сега за првпат во нашата земја имаме можност преку допир да ја почувствуваме уметноста, вели Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи лица од Битола. Во битолската Магаза, Завод и музеј постави изложба со тактилни слики од 16 дела од македонската современа уметност, со дополнително образложение на Брајово писмо, код и аудио нарација. Координатор на проектот е д-р Ирена Ружин, вработена во битолски Завод и музеј која веќе неколку години се обидува уметноста да им ја доближи на лицата со пречки во развојот.

Битола да се кандидира за град на УНЕСКО, предложи Душан Стругар, етнолог конзерватор од Словенија, воедно и претседател на Организацискиот одбор на осмиот симпозиум на етнолози конзерватори од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија што се одржува во Битола.

 „Битола е фантастичен град и сите сме зачудени и изненадени што сѐ уште нема екипа и дека уште не подготвувате стручна подлога за кандидатира во УНЕСКО. Што поскоро ја молам политиката и експертите да се здружат. Имате многу квалитет и локалитети. Сите можеме да помогнеме и Словенија и Хрватска, направете ја подлогата и кандидирајте се“, порача Стругар.

Седница на Совет за понудената Платформа за развој на ракометот во Општина Битола помеѓу ракометниот клуб „Пелистер“ и „Еурофарм работник“ ќе има во текот на оваа недела , најави претседателот на Совет Валентин Груевски на денешната седница на Совет.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денес ја посети гимназијата „Јоспи Броз Тито“ од Битола каде беше потпишан уште еден петгодишен договор за соработка со Француската алијанса што овозможува размена на ученици и соработка на многу проекти.

Младинската невработеност е висока и изнсеува над 40 проценти од невработените лица, а Законот за паркатиканство донесен во мај годинава треба да помогне што повеќе млади лица да се вработат. Законот денес го презентираа претставници од Младинскиот културен центар од Битола во рамки на прокетот за јакнење на капцитетите на Локалниот економски совет на општина Битола. Придобивките на законот беа презентирани пред претставници од бизнис секторот и јавни институции.

Делегација од Општина Битола, предводена од заменик градоначалничката Емилија Костурски, во која учествуваа и советничката Ристенка Алтипармаковска и раководителот на одделението за комунални дејности Маријана Спасевска, заедно со ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во придружба на професорот по историја Иле Трајковски и директорката Фани Наумовска, престојуваа во неколку дневна посета на збратимениот град Епинал во Франција.

Европската Унија до 2020 година обезбеди 45,5 милиони евра за финaнсирање на проекти во пограничниот регион на нашата држава и Грција помеѓу општините од двете страни, нво секторот и граѓаните, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прослава на Европски ден на соработка во Битола.

Попладнево пак се активира пожарот во близина на пелгониското село Беранци. На терен се пожарникари од ТППЕ Битола и членови на Дирекцијата за заштита и спасување кои се обидуваат да го изгаснат огнот. Пожари вчера речиси истовремено избувнаа во Беранци и Лопатица, а поради сериозноста на ситуацијата надлежните побарале и активирање на воздухпловите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарите кои беснееја вчера во Битолскиот регион се под контрола, а на терен се пожарникарите на ТППЕ Битола и јавните претпријатија да спречат евентуално повторно активирање на огнот. Пожари вчера речиси истовремено избувнале во Беранци и Лопатица, а поради сериозноста на ситуацијата надлежните побарале и активирање на воздухпловите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани