Анета Блажевска

Анета Блажевска

Гасификација на Битола, ќе биде клучниот проект на локалната власт, најави  денеска на прес конференција, Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ. Овој проект е од исклучително значење од два аспекти, еколошки и економски, посочи Петровска

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, и на три дена пред локалните избори  и неговото заминување не успеа да го исчисти ѓубрето од градот . Вдолж улицата „Партизанска“ има купишта од паднати лисје, кои ветерот повторно  ги носи на сите страни. Градот и по 12 години од неговото владеење е опседат со диви депонии особено по течението на Драгор, а за жал не е исклучок ниту централното градско подрачје. Обиколницата и запаленото ѓубриште се посебна тема.

За разлика од него досегашната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи ,како што јавуваат медиумите,  барем неделава ги исчистила и измила  улиците, тротоарите и јавните површини низ градот.

Иван Чулаковски, кандидат за советник од независната листа на советници предводена од Габриела Илиевска, на своите поддржувачи им порача, за кандидат за градоначалник на Битола да гласаат по свое убедување.

На новинарско прашање, кој од четворицата кандидати за градоначалник на Битола ќе го поддржат како независна листа на советници, Чулаковски одговори,

Фотографијата направена денеска, напладне, во дворот на ОУ„Гоце Делчев“ во Битола, е најдобрата илустрација за несовесноста на битолските возачи кои своите автомобили буквало ги паркираат во дворот на училиштето , на спортските терени и под прозорците на училниците. Автомобилите не само што целосно го окупираат просторот наменет за учениците, туку големата фреквенција на возила во дворот директно ја загрозува безбедноста на учениците.

Сообраќајната полиција денеска, само ако посака, би имала полни раце работа.  

Старата народна поговорка вели...СО ЛАГА, АГА НЕ СЕ БИДУВА! Со лагите искажани од страна на ДПМНЕ и Благоја Шаклевски, Зоран Илиоски не бидува Градоначалник! Ниту ЕЛЕМ ниту РЕК Битола ќе се продава, ниту пак вработените ќе останат на улица!

Македонскиот народ со жртви ја плати слободата. Секогаш треба да имаме во предвид дека за оваа слобода што ја имаме денес, дадовме 25 000 жртви, порача Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борци од Битола на денешното чествување на 11 –ти Октомври во Битола.

Седумнаесет годишниот битолчанец Филип Етмишовски, успешно се занимава со филографија, неговата колекцијата брои повеќе од 400 автограми, меѓу нив потписите на Владимир Путин, Димитриј Медведев, Меделин Олбрајт, Ангела Меркел, Жан Клод Јункер, Франсоа Оланд, Вацлав Хавел, Виктор Орбан, Јулија Тимошенко, Тони Блер Бан Ки Мун, и уште многу други..

Филип е ученик во средното Економско училиште во Битола и поради неговото хоби размислува да студира политички науки и дипломатија. 

Секој добиен автограм од важни политички и историски личности за Филип е посебна приказна и доживување. Колку потешко го добил потписот, толку му е подраг, особено рачно потпишаните, што е вистинска реткост, забележува тој.

Овој млад битолчанец, со интерсно хоби би сакал да ја комплетира и колекцијата на автограми со сите претседатели и премиери на Македонија.

-Лани за парламентарните избори на 11 декември го добив автограмот од поранешниот премиер Никола Груевски, годинава за локалните избори , пред една недела на митингот во Битола, зедов автограмот и од актуелниот премиер Зоран Заев. Сега ми недостигаат автограмите од поранешните премиери Бранко Црвенковски, Владо Бучковски и Емил Димитриев-вели Филип.

Филип, вели дека ќе биде упорен да ги добие потписите на најмоќните лидери на денешницата и минатото, Роберт Мугабе, Михаил Горбачов, Далај Лама и Барак Обама..

Херојството на партизаните од првиот битолски партизански одред „Пелистер“ кај Ореовата корија,  кога храбро загинаа седумина херои е опеано во народната песна „Таму ле мајко близу Битола“, но за жал песната веќе осум години не одѕвонува низ градот под Пелистер. По ритамот на оваа композиција порано отчукуваше битолскиот градски часовник. Но, во 2009 година со образложение на општината дека се репарира механизмот, дел од песните се изгубија што предизвика големи критики кај битолската јавност. Тогаш градоначалникот Владимир Талески  најави дека репарираниот механизам наскоро ќе има можност да изведува повеќе песни, но до денес остана да одѕвонува само „Битола мој роден крај“.  .

Чкембарите на вечерашниот ракометен натпревар во спортската сала „Младост“ во Битола преку голем транспарент почараа дека „Битола сака поинаку“, јави спортм.мк Натпреварот се игра меѓу Пелистер и Ракометната федерација на Македонија, а салата е полна до последно место.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, Зоран Илиоски, вети дека доколку го добие мандатот од граѓаните ќе им ги отпише долговите од комуналната сфера на социјално загрозените категории битолчани.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани