2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Маловишта под заштита, а Гостуша со награда од ЕУ

Април 20, 2019

Маловишта, единственото село во границите на Националниот парк Пелистер, е прогласено за заштитена рурална споменична целина, соопшти Викторија Момева Алтипармаковска, етнолог конзерватор во НУ Завод и музеј Битола, по повод Денот на културното наследство што во фокусот ја имаше заштитата на руралниот предел.

 

По повод Денот на културното налседство во битолскиот Завод и музеј беше отворена изложбата на фотографии „Старопланинско село Гостуша“ на архитектот конзерватор Елена Васиќ Петровиќ, вработена во Заводот за заштита на спомениците н акултурата во Ниш и управник на Фондацијата на проф.Александар Радовиќ. Оваа изложба е резултат на наградената Студија за заштита на селото Гостуша, кое се наоѓа на Стара Планина во близина на Пирот, во источниот дел од Србија., Студијата за заштита на ова село е добитник на Гранд-при наградата на Европската Унија и признание на Европа Ностра за 2016 година.

„Да се пробуди свеста за значењето на руралниот предел во кој спаѓаат и руралните населби, традиционалната селска архитектура, културниот предел и природното наследство, да се нагласат предизвиците кои ја следат нивната заштита и конзервација, придобивките што ваквите напори ги обезбедуваат, заради тоа што руралниот предел е тесно поврзан со одржливиот развој“, рече д-р Викторија Момева Алтипармаковска, етнолог конзерватор во НУ Завод и музеј Битола, која ја прогласи изложбата за отворена.57321637 637717803342842 1382393098901913600 n

Ставањето под заштита е руралната споменичка целина Маловиште која неодамна е прогласена за заначајно културно наследство во иднина се очекува да донесе поголема заштита и развој на ова пелистерско село.

„Маловишта, единственото село во границите на Националниот парк Пелистер, освен историските, етнолошките, архитектонските вредности поседува и потенцијални економски вредности кои допрва треба да се развиваат. Руралниот предел треба да заземе значајно место во конзерваторската пракса“, рече Момева Алтипармаковска.музеј

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани