Започнаа градежните активности околу рехабилитацијата на ул. „Смилевски конгрес“и ул. „Младински бригади“, во должина од 825 метри, кои се во Нова Битола
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ја посети локацијата, каде што од страна на изведувачот беше информирана за динамиката на работа и текот на активностите на оваа делница
„Улицата „Смилевски конгрес“ е значајна делница во овој дел од градот. Таа беше доста оштетена, а претставува своевиден крвоток за движење на населението по неа, бидејќи во близина се наоѓа училиште, градинка и голема концентрација на население. Општина Битола за оваа делница издвои 5.717.665 денари“, посочи Петровска.