2win800x200

Во последните 24 часа се направени 2731 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19 во:

Центарот за јавно здравје започна комплетен скрининг во геријатриската установа „Сју Рајдер„ во Битола, каде коронавирусот е потврден кај 12 пацинети, а можно е бројката на заболени да е уште поголема. Ќе бидат тестирани и вработените, од кои четворица веќе пројавиле симптоми на вирусот.

Битолчанката Маја Беловиќ,  која го минувала попладнево со своите деца на полјанката во Довлеџик, неочекувано го сними параглајдеристот  кој се заплетка во жиците од елетричниот столб и ја сподели снимката со апла.мк. Таа вели дека намерата и била да ја сними со мобилниот телефон радоста на дечињата додека ги гледале параглајдерите високо на небото и додека слетувале на ледината. 

Од 78 тестираеа направени во Центарот за јавно здравје во Битола, дури 31 лице од Битола се пизитивни на вирусот, 15 се од Кичево, 5 од Ресен и 2 од Демир Хисар. Едно лице од Битола на 52 годшна возраст ја загуби битката со болеста. Во Битола има 298 активни случаи. На Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, хоспитализирани се 59 пациенти.

Јавното претпријатие „Комуналец“ ќе поставува подземни контејнери низ Битола со што ќе се подобри хигиената со збирање на отпадот во Битола, а ќе се врши и селекација. Советот на Општина Битола денес донесе и одлука да можат да се постават овие садови за комунален отпад иако досега не беа предвидено со урбанистичко-планската документација.

Подземните контејнери ќе се изработат како бетонски шахти , вкопани во земјата, а ќе се постави и подвижна метална конструкција. Бетонските шахти ќе се покриваат со носиви, метални платформи, врз кои ќе се постават метални кутии со ротационо, подвижни капаци за фрлување на отпадот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани