Сметките од "Нискоградба" ќе може да се платат одложено, без камата

Март 17, 2020

Согласно  мерките и препораките издадени од Владата на РСМ,  а во врска со вирусот COVID19 се известуваат граѓаните  дека сметките за комунални услуги (канализација) за месеците февруари, март и април се со одложено плаќање, односно истите ќе можат да се подмират после завршување на пандемијата на COVID19  без камата и на рати.

Препорачуваме плаќањата да се извршуваат електронски односно преку WEB-страната на КЈП НИСКОГРАДБА -Битола.

Оваа мерка ќе важи, додека важат препораките и забраните од Влада и Министерство за здравство на РСМ.

                    КЈП  НИСКОГРАДБА   БИТОЛА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани