АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре (15 март) е последен ден за поднесување на годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите што граѓаните ги оствариле во 2017 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).
До денес на ниво на општините Битола, Могила и Новаци примени се околу 24 000 даночни пријави, а рокот истекува утре во 21 часот.
Жителите на општина Могила и Новаци ГДП можат да поднесат во привремените даночни шалтери во општинските згради, исто така до утре, и тоа во Новаци до 12 часот , а во Могила од 12, 30 со 15 часот, информираат од регионалната дирекција на УЈП во Битола.
Отаму, исто така , информираат дека законот предвидува глоба за ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, која се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност.