2win800x200

Денеска вакцинирани рекордни 94,5 проценти од пријавените во Битола, интересот се поголем

Мај 12, 2021

Во Регионалниот вакцинален пункт во Битола денеска се вакцинирани рекордни 94,5 проценти од закажаните. Од  1461 граѓани кои добиле термин за 12 мај, да се имунизираат дошле 1381. Вупно со масовната имунизација се вакцинирани 6307 лица во Битола, а заедно со претходно имунизираните 8707 граѓани. Возраста од вчера е спуштена на 63 години, со што и процесот на вакцинација се одвива со позабрзана динамика. 

-Вакцинацијата во пунктот во Битола се одвива одлично, задоволни сме од бројот на пријавени граѓани. Нормално, кај возрасната популација потешко одеше, поради движење и придружби, но тој дел помина. Како што слегува возрасната граница, бројот на вакцинирани е се поголем, вели Весна Спирковска, директор на Здравствен дом Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани