2win800x200

Во тек е поставувањето на атмосферска и фекална канализација на улица „АСНОМ“ во Битола. Реконструктивните зафати на оваа улица, покрај поставувањето на канализациониот систем, предвидуваат изградба на водоводни инсталации и  градба на нов коловоз.

Општина Битола во овој проект ќе го финансира поставувањето на приклучоците за водоводната мрежа и канализационата мрежа од страна на јавните претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“, како и целосното уредување на коловозот.

Министерството за транспорт и врски, го финансира поставувањето на новата водоводна и канализациона мрежа.

 

 
Шест позитивни на КОВИД19 се регистрирани денес во Битола,  на возраст од 26 до 59 години. Сано едно  лице дава податок за контакт со позитивно лице од најблиското семејство.

 

 
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 9 нови случаи на COVID-19:

За непочитување на здравствените протоколи и во угостителски објект во Битола,  поднесена е  кривична пријава, а прекршочна за пречекорување на работното време на еден локал. 


Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со засилени контроли во текот на денешниот ден и во следниот период.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани