2win800x200

Директно

15 вработени од текстилна     фабрика  во Ресен  се  позитивни на КОВИД-19. Овој кластер започна  да се формира од средината на  октомври. Дел од заболените се на домашно лекување, а дел се хоспитализрани, информираат  за апла.мк од Министерството за здравство.

Данчо Балаловски долгогодишен инфектолог во Клиничката болница во Битола и неговиот син Петар Балаловски, лекар по општа медицина заедно водат битка против ковид-19 во Клиничката болница во Битола лекувајќи пацинети кои се соочија со оваа тешка болест. Лекарите порачуваат: „Почитувајте мерки, носете маски!“

Во моментот хоспитализирани се 39 пациенти болни од ковид-19 на Инфективното одделение при Клиничка болница Битола, а директорката Билјана Гагачовска изјави дека има уште слободни места и дека раководството има и планови за понатаму доколку бројките на хоспитализирани лица продолжат да растат.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани