2win800x200

Директно

Висината на снежната покривка во Битола, според податоците од УХМР,  утрово во 7 часот изнесуваше 33 цм, со што е втор град со најмногу снег по Крушево каде снежната покривка е  36 цм. Најмалку снег има во Скопје, каде снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 4 сантиметри.  Врнежите од снег продолжуваат и претпладнево, а според прогнозите, околу пладне ќе бидат уште позасилени, што  дополнитлно ќе ја зголеми снежната покривка за 10 до 20 цм. Температурата во Битола ќе се се спушти до -5 степени.

Механизацијата на ЈП,,Нискоградба" попладнево го чистеше снегот на Широк Сокак и низ улиците во битолската чаршија. Во расчистувањето се вклучија и некои дуќанџии кои со лопати во рацете ги чистеа приодите до дуќаните. Од снегот што се чисти на среде Широк Сокак се натрупани купчиња,  па  минувачите го нагазуваат снегот, правејќи премини од една на друга страна од улицата. 

Продолжува поларната зима во Битола. И понатаму дневената температура останува под нулата, иако во текот на денешниот ден бележи покачување за неколку степени. Попладнево во Битола температурата изнесуваше -2 степени Целзиусови, а во текот на ноќта исто така се очекуваат ниски температури под нулата. 

Денес има и нови интензивни врнежи од снег. Снегот врне од шест часот наутро. Според прогнозите ќе наврнат уште триесетина сантиметри нов снег. Врнежите го отежнаа движењето по улиците, со оглед на тоа дека уште има и снег што наврна пред неколку дена,  а  и коловозите се подмрзнати.  
 49826051 2189695177720517 1529433138231508992 n
49938473 773837946312805 2758591596537577472 n
49647059 291825501520097 6026309239113252864 n
 

Преку песната „Г.И З.“ што е кратенка од подолгиот наслов „Груевски и Заев“ младиот пејач Дарио Јоцковиќ-Шабац испрати порака против опседнатоста на луѓето со бистрење политика. Во песната што Шабац самиот ја напишал, а аранжманот е на Мими Марковски („Гимел Студио“), тој пее „Груевски и Заев само една иста тема, страв и параноја името ќе ни го менат, а јужниот сосед го мразиме до коска, но во лето на море сите по една фотка“.

Поларните температури деновиве од околу минус 20 степени  ја зголемија  потрошувачката на вода во Битола како среде лето.

Во 7 часот утрово во Битола се измерени поларни температури од минус 20 степени.

И на Бадник е топ во Ски центaрот Нижеполе. Ски патеката и околните терени се полни со скијачи и други љубители на белите спортови и планината. Меѓу гостите има дечиња од неколку години кои за првпат застануваат на скии, до повозрасни гости кои искусно скијаат. На паркингот има и возила со скопски регистрации што укажува на тоа дека и скопјани скијат на Пелистер. Оние посетители кои не знаат да управуваат со скии, уживаат санкајќи се.

И на минус 16 степени Целзиусови и загаден воздух од 172 микро грами на метар кубен измерени во 22 часот од мерната станица во центарот на градот, битолчани останаа верни на традицијата и ги запалија коледарските огнови. Овој адет во Битола е стар со децении и ниедна година нема отстапување без разлика на студот. Роднини, пријатели, соседи се собраа околу огништата и ја минуваат ноќта во дружба.

Овој викенд ски центарот Вигла во Леринско, Грција, остана без македонски скијачи. Љубителите на зимските спортови од југозападниот дел на земјава, кои беа редовни гости таму зашто на нашите ски терени немаше снег, овој пат останаа да скијат на Пелистер. Снегот кој наврна деновиве создавајќи снежна покривка од педесет сантиметри, подготвеноста на ски центрите во Нижеполе и Копанки, како и трипати поевтиниот дневен билет од оној во Грција, ги вратија туристите дома.

По снежната ноќ, во Битола денес температурата падна до минус седум степени, а снежната покривка се искачи над триесетина сантиметри. Во текот на денот се очекува температурата да биде максимално до четири степени под нулата, а во попладневните часови да спадне до минус седум , вечерта на минус девет степени, а можно е и поголемо заладување.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани