2win800x200

Директно

По снежната ноќ, во Битола денес температурата падна до минус седум степени, а снежната покривка се искачи над триесетина сантиметри. Во текот на денот се очекува температурата да биде максимално до четири степени под нулата, а во попладневните часови да спадне до минус седум , вечерта на минус девет степени, а можно е и поголемо заладување. . 

 
По обилните снежни врнежи, од ЈП „Нискоградба“ велат дека во текот на утринските и претпладневните часови поради наврнатиот нов снег се чистат улиците од прв и втор приоритет, локалните патишта до селата и пристапите до јавните објекти. Подоцна во денот ќе се врши и посолување кога температурите ќе бидат повисоки бидејќи солта делува до минус седум степени. Во зависност од временските прилики ќе се чистат и други улици. Во текот на денот ќе се направи обид да се исчистат и улиците на Бајрот над училиштето „Тодор Ангелевски“, каде поради стрмните патишта и наврнатиот снег, возилото не можело да се искачи. 
 
Инаку, денес на Пелистер започна ски сезоната во ски центрите „Нижеполе“ и „Копанки“. Патот до Нижеполе е прооден, а до ски центраот „Копанки“, како што кажуваат скијачи кои веќе се искачиле, механизацијата на „Македонија пат“ утрово го исчистила снегот, но поради обилните врнежи од вчера, сепак патот е препорачлив за возила со зимски гуми, а никако не со летни. 49547387 560465404428869 2144581882195476480 n
 
  
 

Околу четиристотини гости  од Битола, Охрид, Ресен и други градови вечерва на ноќно скијање уживаат во ски центарот „Нижеполе“ на Пелистер. Со оваа ноќна атракција и официјално стартуваше ски сезоната во овој туристички центар со кој управува ЈП „Стрежево“. Вечерва сијањето е бесплатно.  

Ски центарот „Нижеполе“ со кој стопанисува ЈП „Стрежево “-Битола од денеска е подготвен за ноќно скијање.

ЈКП„Нискоградба“ почна со чистење на помалите улици во градот кои се надвор од прв и втор приоритет.

Комплетната механизација на ЈП „Нискоградба„ со околу триесеттина вработени повеќе од  26 часа се на терен на расчистување на снегот од градските и приградските улици.

Иако снежната покривка која деновиве се оформи на Пелистер, се уште не е доволна за скијање, сепак голем број битолчани  денешниот сончев ден го искористија за прошетки до рекретивните места.  Најмногубројни се посетителите во Ски центарот Нижеполе, каде  пијат чај и уживаат во прекрасната глетка на снежниот планинснки убавец, а децата се санкаат и се радуваат  на снегот. 

Четириесет минути по полноќ, во битолската Клиничка болница се роди првото бебе во Новата година. Мајката Александра Максимиовска од Битола, на свет донесе здраво машко бебе, тешко 3250 гр и долго 49 цм..

Група планинари и рекреативци ноќеска два часа по полноќ тргнаа на пат за Антена  во  тешки временски услови за рано утрово да го испијат  првото новогодишно кафе или чај во планинарскиот Дом. Ваквата новогодишна авантура планинарите ја практикуваат седум години по ред.

 Голем број битолчани ја дочекаа Новата 2019 година на плоштадот Магнолија во Битола. Точно на полноќ, со голем огномет беше означен влезот во Новата година,  по што беше прочитана новогодишната честитка од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која беше меѓу своите сограѓани на Магнолија. 

Младиот битолчанец Марјан Зисовски денеска беше првиот кандидат кој полагаше практичен дел од возачкиот испит на новиот полигон во Битола. Тој се стекна со возачка дозвола од Ц категорија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани