2win800x200

Директно

Жаклина Наумовска, член на општинскиот Совет во Битола  од редовите на СДСМ,   го најде парето во мазникот што за православниот празник  Василица го вртеа  заедно  советниците   од власта и опозицијата. Наумовска вели  дека се израдува што токму таа е среќникот годинава.

Иако нема покрената иницијатива, повеќето битолчани се на ист ум- Василица да биде неработен ден.

Регионалната стопанска комора од Битола, очекува дека имплементацијата на Договорот од Преспа, ќе ја релаксира бизнис климата меѓу стопанствениците од Македонија и Грција и ќе ја интензивира соработката. Велат имаат добра комуникација со колегите од грчката Стопанска комора и веќе има најави дел од компаниите кои заминаа  да се варатат во Битола.

Младиот битолски адвокат Горан Дамевски, планинар и еден од најголемите ентузијасти за обнова на планинарскиот дом „Копанки“, е годинешниот среќник кој го најде парето во мазникот што го вртеа членовите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола. Околу педесетина планинари денес во помошните простории на Копанки вртеа сукан мазник со паричка за среќа во пресрет на православниот празник Василица. Ова е традиција која битолските планинари ја практикуваат околу 80 години, мазникот со паре наместо по градските кафеани да го свртат на планина.

Група битолски планинари ветерани, некои во деветтата деценија од животот, пеш се качуваа до Копанки зашто не работеше жичницата, а горе свртија мазник со паричка на 1.500 метри надморска височина.

Водоснабдувањето во Битола и околните населби се нормализира , потврдуваа од ЈКП „Водобод“-Битола. 
Четирите големи дефекти на цевки со поширок профил се отсранети до раните утрински часови од екипите на „Водовод“ кои со најтешок проблем се соочија при отстранување на дефектот кај населбата Кланица што траеше до пет часот изутрината.

Екипите на ЈКП "Водовод" интензивно работат на санирање на настанатите дефекти на водоводната мрежа, јавија од претпријатието на својот фејсбук профил. Тие објавија и снимен материјал од санацијата на дефектот кај населбата Каланица во близина на Железното мовче каде се гледа дека се работи за сериозна интервенција. На снимката може да се види дека се интервенира со багери, ископан е асфалтот за да се стигне до испуканите цевки, а насобраната вода се исфрла во реката Драгор.

Вечрава се јавија четири поголеми дефекти на водоводната мрежа во Битола. Дефектите се во делот под населбата Кланица, кај Железниот мост на Булеварот „Први Мај“, на „Партизанска“ кај поранешната касарна, Буковски Ливади и Долно Оризари. 


Од ЈП „Водовод“ велат дека по студеното време, сега промената на температурата предизвикува пукање на водоводните цевки со поголем профил.  
 
Директорот на ЈП „Водовод“, Горан Козаров вели дека поради дефектите во делови од градот водата ќе има намален притисок. Се работи на отстранување на дефектите, а екипите на терен остануваат да дежураат се до понеделник.    

Од снегот исчистени се сите главни патишта, 70 проценти од споредните улици, приодите до сите градски населби, пазарите, дел од тротоарите, патеките низ парковите, приодите до институциите, соопштија директорите на јавните претпријатија од Битола кои со здружени сили учествуваат во расчистувањето на градот од снежните врнежи.

На полноќ од  снег се чистеа паркингот на плоштадот Гоце Делчев и главната битолска улица Широк Сокак. По повеќето критики од страна на битолчани дека местата за зонско паркирање не се исчистени, вечерва околу полноќ, во периодот кога немаше возила, багер го чистеше паркингот пред Центарот за култура. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани