Webp.net gifmaker

Со прием во кабинетот на градоначалничката  Наташа  Петровска на претставници на Сојузот на борци од Битола, почнаа денешните активности за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

Хуманитарката Марија Русенгрен, по потекло битолчанка која денес живее во Шведска, преку НВО „Од рака на рака“ во битолската Клиничка болница донираше медицинска опрема од 300 000 евра.

Непознати сторители го искршиле стаклото од просторииите на Почеснит конзулат на Руската Федерација во Битола, кој се наоѓа на Широк Сокак, на плоштадот Магнолија.

Мерната станица Битола 2  утрово покажува висока загаденост на воздухот во градот со опасните ПМ 2,5 честички. Мирисот на чад и сулфур особено беше  впечатлив  синоќа и во утринските часови.

Битолските еколозите не се оптимисти дека Битола оваа зима ќе дише почист воздух.

Душко Груевски, активист од „Здружението за нас се работи“  вели дека, и оваа грејна сезона е загубена  поради влажноста на огревното дрво кое се гори по домовите и неисчистените оџаци.

Битола е еден од градовите од внатрешноста која дала најголем број на новинари, камермани,  фоторепортери и други медиумски работници. Тешко е да се утврди точната бројка, но се проценува дека низ битолските медиуми до денес поминале околу 250 медиумски работници.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани