2win800x200

Новогодишна желба (пишува Валентин Груевски)

Јануари 03, 2020

На почетокот на Новата, нормални се илјадниците желби кои меѓусебе си ги посакуваме едни на други, некои искрени , некои од навика, ама во секој случај сите се надеваме  дека Новата година ќе  ни донеси многу повеќе среќа, здравје, некои сакаат и малку повеќе пари, повеќе патувања, подобри резултати во фирмите каде работиме, подобри оценки, подобри спортски резултати.

Очекуваме и ,,подобри“ луѓе, поискрен однос од нашите блиски, повеќе соработка, повеќе почитување, напредок во професионалната кариера, едноставно посакуваме сè она што не сме го добиле во минатата или што сме го добиле во количини за кои мислиме дека се недоволни или пак дека заслужуваме многу повеќе.

Желби за Битола

Во оваа година треба да добие и ќе добие многу повеќе отколку во претходниот период. Ќе се обидам да ги набројам моите новогодишни желби поврзани со Битола, за кои сметам дека се остварливи и реално можни.

Желба број 1. Битола да си го добие назад Офицерски. Пред нас е годината во која Офицерски треба да блесне во полн сјај, и да го вратиме од патот по кој беше тргнат а тоа беше пропаѓање. Сакам Офицерски каков што го памтиме и каков што го памтат битолчани.

Желба број 2. Нова современа детска градинка. Огромните списоци на чекање да се намалат, а Битола да почне да гради нова градинка, со многу деца, со современи занимални, со многу играчки, со нова опрема и инвентар

Желба број 3. Натпревар под Тумбе кафе од 20.00 часот. Трибината би сакал да се заврши, рефлекторите да се постават, старата трибина да се реновира, нови столчина на истата, Пелистер во прва лига и зошто да не реномирана странска екипа на отворањето. А немам ништо против и стадионот да си добие ново име. Јас навивам за Петар Милошевски.

Загадениот воздух

Загадениот воздух да го намалиме до пристојни граници е мојата желба број 4. Пари за 2.500 инвертери, Битола веќе има, интензивно се работи на гасоводот, мора да се продолжат акциите на засадување на дрвја. РЕК да ги добие филтрите, нови еколошки автобуси, нови еколошки комбиња а и колекторот на Пелистер продолжува.

Еурофарм Пелистер главен фаворит за титула, желба број 5. Битола е гладна за титула во колективен спорт 15 години. Создадени се сите предуслови, случувањата кај конкурентите би сакал да ни одат во прилог, и Битола да добие македонски шампион. Некој ќе рече премногу оптимистично, ама за мене  е реално.

Желба ми е и во Новата година да ја видам реконструирана „Илинденска“, „Рузвелтова“, „Партизанска“, Булеварот од Црн мост до Градскиот саат, „Борис Кидриќ“, „Асном“, „Димитар Влахов“, „Цане Василев“, „Сутјеска“, „Струшка“, „Н.Н.Борче“,  „2-ри Авгус“, „Бранко Радичеви“, да се пробие „Крушевска Република“, нови настрешници и нови тезги во градскиот пазар, ново осветлување во Кланица, Карпош, Стрелиште, нов влез од Охрид, и реконструиран пат од Кравари до грчка граница.

Тука завршувам со моите желби, ги набројав само најголемите,  ќе бидам задоволен ако  се исполнат сите,  ама  ако некоја остане и да се заврши во наредната година нема да биде крај на светот. Среќна Нова и многу здравје во истата.

Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани