2win800x200

Климите на готовс (пишува Валентин Груевски)

Септември 02, 2020

 

Едно од најгорливите прашања кои се провлекува во сите изборни кампањи во Битола е прашањето за чистиот воздух и многуте дилеми за тоа кој и како загадува, начинот на кој може да се прочисти воздухот и како тоа најлесно и најбрзо да се направи. Прашањето се актуелизира особено во зимските месеци, кога загадувањето е многу пати поголемо  и претставува огромен проблем за граѓаните.

Се појавија и многу невладини организации кои се занимаваа и се занимаваат со  овој проблем, сосема оправдано, затоа што проблемот е многу комплексен и предизвикува сериозни последици врз здравјето на луѓето. Долго време беа најавувани определени чекори за подобрување на ситуацијата, ама вистински и најголем потег до сега е одлуката на Владата да се субвенционираат 2500 високо ефикасни инвертери.

БИТОЛА

И уште три други градови во Македонија како најзагадени, добија 2, 5 милиони евра со цел домаќинствата да можат да ги заменат своите печки на дрва и други цврсти горива и да постават клима уреди, со една и единствена цел да се намали загадувањето на воздухот во градот. Нема да постојат социјални или економски критериуми, туку  единствен критериум ќе биди местото на живеење и замена на досегашниот начин на греење. Сите оние што живеат во Стрелиште, Горно Оризари, Карпош, Кланица, Баир, Централното градско подрачје, Боримечка, Ужици, Мал Париз ќе имаат шанса да учествуваат на конкурсот.

Правилникот кој го донесовме на совет и во кој прецизно ги утврдивме начините на аплицирање, на едноставен начин ги утврдува условите кои треба да ги исполнат граѓаните. Аплицирањето ќе биде електронски, во текот на 24 часа, и во недели и во празници, а ќе важи принципот прв дојден, прв услужен. Општината ќе субвенционира вкупно 62.500 денари, во кои треба да влезат трошоците за климата, трошоците за монтажа и персоналниот данок.

КЛИМА БЕЗ ПАРИ

Е мотото кое се водевме при носењето на овој правилник. Во другите градови, се субвенционираше само доколку ја купите климата и приложите фискална сметка. Ќе се согласите дека ограничен е бројот на луѓето кои можат да купат во готово, а потоа да чекаат поврат на средствата, додека со општинскиот повик ќе овозможиме аплицирање со издадена профактура, а после проверката на исполнетоста на условите и плаќање на фактурата, без граѓанинот да даде ниту еден денар од неговиот џеб. Затоа е и цело ова ,, задоцнување“, направено во интерес на сите граѓани  и во интерес на здравјето на сите.

Со оваа акција, според мене, ќе ја покажеме целата наша заинтересираност и желба да ја подобриме животната средина. Имаме шанса да покажеме дека искрени се сите наши лелекања за подобар воздух, само и само ако ги намалиме злоупотребите, барањето на можности да ги избегниме правилата и да добиеме клима, само и само да ни се најди во домот. Ако злоупотребите ги намалиме, а контролите треба и мора да бидат ригорозни, ќе ја постигниме целта, а целта е почист воздух.

Да резимирам: Два и пол милиони евра, минимум 2.500 клими, рекордно вложување во подобра животна средина.

 

Пишува Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

      

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани