2win800x200

Две новозаболени лица се регистрирани денес во Битола, со што вкупниот број позитивни на КОВИД-19 сега е 37. 

Драстично се зголемува бројот на заболени во  Ресен, каде се регистрирани 13 нови случаи. Со ова вкупниот број на позитивни се искачи на 45 и за само една недела, Ресен ја надмина Битола, иако од почетокот на кризата, речиси 100 дена, немаше ниту еден заболен

Еден позитивен на КОВИД-19 е регистриран денеска во Битола, со што вкупниот број на заболени се искачи 35, а болеста е во тек кај осуммина. Од Центарот за јвно здравје велат дека станува збор за сопруга на заразен кој бил регистриран во претходните денови. Вчера министерот Венко Филипче соопшти дека заразен е еден болничар во Хируршкото одделение во Клиничката болнцата, а со симптоми е еден хирург, за кого се очекуваат резултатите, а треба да пристигнат вечерва

Бројката на зболени од КОВИД-19 во Ресен се искачи на 25, а вкупно 110 нивни директни контакти се под здравствен надозр, информираат од Центарот за јавно здравје во Битола. Првиот позитивен случај во овој град беше на 10 јуни.

 

Ако до неодамна ретко кој носеше заштитна опрема  низ улиците во Битола, сега полициските акции  очигледно ја менуваат сликата. Речиси и да нема битолчанец кој не носи маска. Од полицијата велат дека за нешто повеќе од месец, издадени се над 1200 казнени налози на  територијата на СВР Битола.  Контролите се интензивираа во последните неколку дена, а  битолчани  апелираат полициските акции да продолжат со уште поголем интензитет.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани