АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синдикатот на РЕК „Битола“ донираше компјутер лаптоп на Здружението на лица со посебни потреби „Емануил плус“. Оваа скромна донација ќе ја олесни работата на здружението во кое членуваат родителите на деца со церебрална парализа и ќе ја подобри комуникацијата со други слични здруженија кои заеднички се обидуваат да издејствуваат подобра институционална грижа.
Две третини од битолчаните опфатени со анкетата на јавното мисење во Битола се целосно или делумно задоволни од работата на градоначалникот Тони Коњановски, изјави лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Битола каде оставри средба со претставници од Регионалната стопанска комора.
Членовите на „Младинското јадро за безбедност и здравје при работа за млади“ во Битола, под менторство на тим од Младинскиот културен центар – Битола, започна да ги пренесува своите стекнати знаења и вештини на своите врсници во средните стручни училишта.
Првите информативни сесии ги реализираа ученици од СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола за средношколците од трета и четврта година од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола. Оваа седмица информативните сесии ги реализираа и учениците од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола за средношколците од трета и четврта година од СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола.
Со информативните сесии се придонесе кон подигнување на свеста за значењето на безбедноста и здравјето при работа кај средношколците, подобрување на нивното знаење за улогата, потребата и значењето на безбедни здрави работни позиции, како и развој на култура за превенција кај средношколците и учество во реформските процеси за безбедност и здравје при работа во средните стручни училишта.
На овие сесии претходеше формирање на Младинско јадро на млади промотори за безбедност и здравје при работа за млади, кое е составено од по пет ученици од четирите средни стручни училишта, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, СОУ „Таки Даскало“, СОЕУ „Јане Сандански“ и ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“. Младинското јадро помина низ процес на градење на капацитети и неговите 20 членови моментално се главните промотори и пренесувачи на информациите за безбедноста и здравјето при работа до младите во Битола, особено до нивните врсници.
За полесно и трајно пренесување на информациите изготвена е информативна брошура за безбедност и здравје при работа за млади која се десиминира до средношколците за време на информативните сесии. Предвидени се вкупно 40 инфо сесии во четирите средни стручни училишта во Битола. Во наредниот период продолжуваат информативни сесии во останатите средни стручни училишта во Битола.
Младински културен центар - Битола како дел од своите програмски активности го спроведува проектот “Безбедност и здравје при работа за млади”, дел од проектот “Подобрување на работните услови и безбедноста и здравјето при работа како поддршка на земјите од Западен Балкан за пристапување кон Европската Унија„ IPA/2019/413-810, финансиран од ЕУ, имплементиран од Македонското здружение за заштита при работа.
Општата цел на проектот е подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа.
Главни одлики на наставничката професија кои ја прават да биде една од најблагородните професии во светот се: одговорноста и посветеноста. Одлики, од кои произлегуваат како „Грозд“ техника, сите други воспитно-образовни начела во наставниот процес. Постоеше едно време (многу одамна), кога професијата наставник беше: авторитет и принцип. Додуша, и денеска е така, но во многу, многу ретки и исклучителни ситуации. Денес, е технолошко време, „тимско“ време. Време, во кое класичното е потиснато од современото. Има разлика: читање книги и спуштање „готови“ состави, текстови, од интернет. Или подобро кажано: цели магистратури и докторати. Но, таа е веќе друга тема. Секоја промена се сведува на време и навика. Така што, со текот на времето, учиме да се навикнуваме и да прифаќаме секакви предизвици кои ги носи новото училиштно време (онлајн, или технолошко време).
Наставната одговорност и посветеност
Добар наставник е прав педагог и психолог. Тоа значи: правилно научил и докажува, дека треба да биде: лик и пример во воспитно-образовниот процес (како дома, така во училница и пошироко). Односно, методски, вешто и тактички совладал како да застане во училница, пред тој убав и млад свет, како да се однесува во училница и секако, во интеракцијата со колективот каде што работи. Значи, правилна и културна комуникација (субјект-објект), секако, со доза на хумор, што е препознатлив и присутен во наставата. Таа е многу важна особина која го краси солидниот наставник. А од неа, секако дека доаѓаат до израз и впечатоците кои ќе ги остави. Без разлика, колку се напредни денешните генерации, и колку само не читаат, што е очигледен факт (со ретки исклучоци), сепак, правиот наставник, мора да го одржува кодексот на однесување во континуитет. Оти, таа е негова, врвна одговорност и посветеност во тоа што го прави, и што очекува да постигне. Всушност, кодексот е принципот на наставникот. Како еднаш ќе го изгради, така целиот живот ќе се памети. Некој го поседува, а некој, не. Воопшто не се виновни учениците, ако наставникот не умее да го организира и одржи часот како што треба. Тоа само ја потврдува неконтролираната демократија во текот на часот од која не се извлекува апсолутно, никаква морална поука, а најмалку не, знаење од часот. Очигледно, дека нешто треба да се промени. Затоа, кога велам дека е една од најубавите и најблагородните професии во светот, професијата наставник, колку предизвици, толку и одговорности сноси.
Колку е убаво да се чуе: „Прекрасен наставник“; „Има што да се научи од него“; „Со задоволство се седи на час кај него/неа“; „Прав другар со учениците“; „Чест ми е/нѝ е, што ми предававте“; „Нѝ покажавте прав пат во животот“; „Ретки се наставниците како Вас“ итн... Искрени изрази и впечатоци кои учениците со радост ги зборуваат и споделуваат. И навистина е пријатно, да се чујат. За така да биде, нека се потруди секој наставник да ја одржува својата одговорна, посветена и културна професионалност. Верувам дека може. Секој ученик сака добар наставник. И обратно, секој наставник сака паметни и вредни ученици. Да, ама добар ќе биде кога ќе ги научи на: знаења, на толеранција, на одговорност, на мислење со своја глава... Дури тогаш, не добар, ами најдобар ќе биде, секој наставник. Дури тогаш и повратната инфорација од учениците ќе биде над очекуваното. Затоа, велиме: „искуството си го прави своето“. Помладите наставници нека земат пример, нека „црпат“ искуство од повозрасните. Оти, навистина има што да научат и да практикуваат. Ништо не губат, напротив, добиваат. Секој, на свој начин, се разбира. Така се гради заедничи јазик кој води до посакувана цел.
Наставникот – поучувач и советувач
Со целосно внимание и максимално трпение, наставникот треба да биде посветен на својата работа. Не е така едноставно, но сепак е чекор до успех. Во наставниот процес, имаме секакви ученици, како што имаме и секакви карактери на наставници. Токму со тие различни карактери, треба љубезно и многу трпеливо да се работи. Лесно е да се каже: „не можам“. Другата алтернатива: „можам“ е попродуктивна. Како менаџер на часот, наставникот треба да ги познава, сите свои ученици. И секако, да практикува начини, како да ги привлече и заинтересира да соработуваат и комуницираат заеднички, со сите другарчиња, соученици во училницата и надвор од неа, но најважно е, да им ја долови интересната страна на учењето (нешто, сепак да сакаат да прочитаат, и да научат). Тоа може да се постигне, иако во многу ситуации наликува на потешко.
Мислам дека, со посветеност и разбирање, се постигнува успех. На тој начин и крајно незаинтересираниот ученик за учење, ќе покаже некаква волја. На тој начин ќе има и повратна информација (каква-таква). Клучот е во наставникот и во неговата дарба, љубов и креативност за работа. Работата на наставникот, не е воопшто лесна и едноставна. Тој ја има привилегијата да работи со најмилата радост на овој свет, и како поучувач, и како советувач. Сублимат на тие две компоненти е: оценувач. Тие две, педагошко-психолошки одлики наставникот треба да ги применува секој час, па дури и на секоја средба со учениците. Затоа се вика наставник, да даде знаења и совети. И на крај, да изведе заклучок: дали навистина од ученичето, направил прав ученик, или не... Оној ученик, кој слуша и почитува наставник, секако дека ќе биде на прав пат и ќе тежнее кон напредок и успех. Покрај работата на часот, вредниот наставник гледа доследно и одговорно да ги завршува и своите административни обврски, што е дополнителна работа во неговото наставничко досие. И тоа, скоро секој од нас го завршува навремено, да речам во корелација со е-дневникот. Доколку, нешто се заборавило на училиште, се завршува од дома. Се со цел, да се најде повеќе време за посвета кон подготовката на часовите и комуникацијата со учениците.
Работата на наставникот, не е само половина ден на училиште, таа нема крај, оти секогаш по нешто излегува да се сработи. Исто така, треба да се спомене и најважната компонента, а таа е: комуникацијата со родителите, која треба да се одвива без проблеми и навремено, со цел да се прнесат и следат промените кај учениците. Взаемна комуникација, која мора да се почитува и почесто да се практикува. На пример, имаме отворен ден за родители, каде родителот има можност со секој наставник што му предава на неговото дете, да поразговара за успехот и неговото поведение. Секој наставник, и како поучувач, и како советувач, па со ред и со уште многу други функции, треба да го чува своето достоинство, а со него и столбот кој го носи во самото училиште. Без него, нема настава, исто како што нема џагор во училницата, во училиштните ходници, во училиштните дворови, без учениците.
Времето се менува, а со него и генерациите
Без разлика колку промени ќе донесе наставното време, а со него и генерациите кои доаѓаат, функцијата и целта на наставникот не смее да се занемари. Наставниците заслужуваат многу поголема поддршка и мотивираност за работа, односно, треба многу повеќе да бидат вклучени во донесувањето на образовни промени иако и самите знаат како најдобро да го водат наставниот процес. Има многу квалитетни наставници, и нивниот потенцијал треба да дојде до позначителен израз. Знаеме дека со сила ништо не се прави, ами со волја и интерес. МОН, БРО, ДИЦ, знаете дека наставниците се движечка сила во наставниот процес. И секогаш, го даваат најдоброто од себе.
Затоа, потрудете се, повеќе да дојде до израз соработката со нив. Едни со други, од корист сте! Секој наставник е одговорен во својот предмет кој го предава. И оттука, има што да предложи и понуди: и како сугестија и како совет за тоа што го работи. Се разбира, за да имаме поквалитетно образование, а со него и воспитание. За крај, на сите мои почитувани колешки и колеги од просвета, им порачувам: колку промени и да донесе новото наставно време (иако и понатаму чека на реформирање), секогаш бидете свои и принципиелни кон работата која што ја сакате и која со задоволство ја работите. Гледајте позитивно, за подобро да биде. И мора да биде. Барем, сите така сакаме и очекуваме. Како за нас, така и за учениците, така и за сите чинители во училиштната средина.
Автор: Александар Адамовски, професор по македонски јазик и литература и француски јазик
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)
Со освојување на прво место на битолчанката Јана Стефановска на трката на пет км на Кавадаречкиот полумаратон, Атлетскиот клуб „Олимп“ викендов започна во походот по одлични резултати. Ова е само вовед во новата сезона за која членовите на овој клуб интензивно се подготвуваат по водство на тренерите Демир Даутовски и Вера Велјановска.
На овој настан во Кавадарци учествуваа неколку членови на клубот, еве ја листата на учесници и резултати: Јана Стефановска 23:08, прво место • 5км Бојан Ѓеровски 23:33, седмо место • 5км Антониа Крстевска 25:43, петто место • 5км
И најмалите членови Искра Адамовиќ и Николај Жежовски кои се натпреваруваа на трката ид 500 метри и покажаа одлични резултати.
Никола Кочовски е роден на 1 декември 1933 година, починува 11 март 2023 во Битола.Писателот Кочовски завршува Филозофски факултет во Скопје. Долги години работи како професор. Член е на ДПМ од 1973 година. Во своето плодно творештво попознати дела се: Малата Билја (два тома, роман, 1969, 1970), Зарезготини (раскази, 1970), Вознемирена совест (раскази, 1974), Бреме (роман, 1981), Дичовица млада невеста (драма, 1984), Родната грутка (раскази, 1995), Без свое јато (роман, 1999), Исконскиот дар (роман, 1999), Омразениот цвет (роман, 2000).