2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се известуваат пензионерите од Oпштина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека во среда 15.03.2023 год. со почеток во 9 часот ќе се врши запишување на огревно дрво.

Цената на огревното дрво ке изнесува 4.800,00 ден. по просторен метар и за даб и за бука. Плаќањето ќе биде на 5 рати.

Запишувањето ке се врши од страна на председателите на ограноците во просториите на месните заедници. Во месните заедници каде нема простор за запишување на огревно дрво, запишувањето ке се врши во салата на ЗП Битола и тоа за месните ограноци: ,,Блаже Рогозинаро,, ,,Велко Влаховик,, и ,,Естреа Овадија Мара,, во среда на 15.03.2023 год со почеток во 9 часот, додека за месниот огранок ,,Стив Наумов,, и ,,Стево Патако,, запишувањето ќе се врши на 16. 03. 2023 год. во салата на ЗП. Битола со почеток во 9 часот.

Пензионерите од Месниот огранок ,,Даме Груев,, ќе запишуваат огревно дрво во просториите на М З ,,Борис Бастерот,, на 16.03 2023 год со почеток во 9 часот. Пензионерите од огранокот ,,Елпида Караманди,, огревно дрво ке запишуваат во просторите на М.З ,,К. Канински,, на 15. 03. 2023 год со почеток во 9 часот, додека пензионерите од Месниот огранок ,,Таки Даскало,, ќе запишуваат огревно дрво во основното училиште ,,Ѓорги Сугарев,, на 15.03. 2023год. со почеток во 9 часот.

Запишувањето на огревното дрво ќе се врши по принципот прв дојден прв услужен.

Со почит, Здружение на пензионери Битола

Стотици цртежи со висок уметнички квалитет изработени од младиот талентиран Евреин од Битола, Гастон Гамлиел, денес на 80 годишнината од депортацијата на Евреите, битолското семејството Нашоку му  ги предаде на роднините на уметникот, семејството Ароести од Израел. Гастон починал во Битола во 1939 година од тифус најверојатно на 19 годишна возраст, а неговото семејство ги зачувало цретежите како последен спомен од него. Пред да биде депортирано во 1943 година , таткото на Гастон, побарал од партизанот Павле Кипровски од Битола да ги зачува творбите на син му и во иднина да му ги врати на семејството. Но, за жал никој од семејство не се вратил од Треблинка. Па, цртежите останаа на чување како аманет кај Кипровски, а потоа и кај семејството Нашоку во кое се омажила ќерката на партизанот, Аница Нашоку, објави СДК.МК. 

„Многу сум возбудена. Ова е непроценливо богатство за моето семејство. Се̍ уште размислувам што ќе правам со нив. Сакам да посетам некои музеи во Израел. Сакам да направам многу добар спомен за нашето семејство преку животната приказна на Гастон. Приказна која ги поврзува народот на Израел и битолскиот“, рече  Рејчел Ароести, сега омажена како Фридман која живее во Израел, а е внука на младиот талентиран уметник од Битола.

рејчел АРОЕСТИ со портрет на кој ГАстон се насликал себеси

Семејството Кипровски, а потоа Нашоку со години цртежите верно ги чуваше. 

„Семејството Гамлиел живееше кај нас под кирија во нашата стара куќа. За време на војната пред да бидат депортирани , таткото на Гастон ги остави сликите во наследство на татко ми да ги чуваме, ако случајно некој се врати од депортацијата да му ги предадеме. Мојот татко кој беше партизан им понуди да ги префрли в планина и да ги спаси. Ама имаа стара баба на 90 години и не сакаа да ја остават. Така сите заминаа во Треблинка. Гастон имаше два браќа близнаци , сестра, баба, татко и мајка “, раскажува Аница Нашоку.  

Аница нашоку и Рејчел Ароести

Досега имале многу можности да ги предадат во музеј, па и да ги продадат. Но, сакале да го исполнат аманетот и да ги дадат на некој од семејството за кого ќе имаат најголемо значење.

„Читајќи ги книгите на историчарот Ѓорги Цолев- Џоџа и гледајќи порано телевизиското интервју на Петар Ставрев со семејството Нашоку, дојде приказната до моите уши. Пред три месеци во Израел на една церемонија  сретнав фамилии кои живеат таму, а имаат битолско потекло. Во неврзан разговор Рејчел го спомна презимето на баба ѝ Гамлиел. Тогаш се сетив дека можно е таа да е врската и сакав и да помогнам да се сретнат семејствата“, рече Ѓоргиев кој утре ја промовира неговата книга „Траги на еврејското наследство во Битола“.

извор: СДК.МК https://sdk.mk/index.php/kultura/80-godini-bitolsko-partizansko-semejstvo-chuvalo-kako-amanet-sliki-na-evrejski-umetnik-deneska-gi-predade-na-izraelski-rodini/

мртва природа

цртежи

семјеството Нашоку Ароести и Зоран Ѓориев кој ги спои

ч

 

Блок 3 на РЕК Битола попладнево е исклучен од мрежа заради сервисни активности на опремата во постројката. Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозвулаат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет. соопштија од ЕСМ. 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа прес-конференција по повод потпишувањето на Договорот за изградба на Kоридор и Коридорот 10 д.

 
„Ми претставува огромна чест и задоволство, што, денеска со потпишувањето договорот за Коридорот 8 и Коридорот 10 д со конзорциумот „Бехтел и Енка“, стартуваме со реализација на еден од најголемите инфраструктурни проекти во нашата држава.  
 
Ова е историски инфраструктурен проект, со кој исполнуваме една голема стратешка определба, од што пред се бенефит ќе имаат граѓаните, компаниите, но и целокупната економија.   

Со изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10 д, Северна Македонија добива европски, модерни автопати, со коишто државата ќе стане уште позначајна регионална и меѓународна транспортна рута.

Вредноста на овој крупен капитален проект изнесува 1,3 милијарди евра. Вкупната должина на делниците опфатени со овие коридора е речиси 110 километри. Или конкретно по патни правци:


Делницата Тетово- Гостивар е во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, делницата Требениште – Струга – Ќафасан е близу 22 километри и патниот правец односно автопатот Прилеп – Битола е во должина од речиси 40 километри.


Сега, со изградбата на овие четири нови, модерни автопати, овозможуваме поврзување со нашите соседи, а преку тоа и поврзување со важните поморски трговски пристаништа.

Северна Македонија е природна крстосница, низ која поминуваат двата европски Коридори 8 и 10. Токму ваквата стратешка позиција на Балканот, нѐ прави да сме клучна точка за транзиција, од една страна, како порта за Европа, од друга, преку поврзувањето на Црното со Јадранското море.


Затоа и се фокусираме на изградбата и финализацијата на овие два клучни коридори, бидејќи со нивната изградба ја градиме европската иднина на нашата држава, но и иднината на соседите од регионот“, рече Ковачевски.

Битолскиот суд денеска го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и изрече забрана за вршење на ископ на подрачјето на Задбрдо, како дел од локалитетот Влахо, општина Новаци, од страна на концесионерот „ЏМП КОП Интернатионал ДОО Битола“ до правосилно завршување на постапката која во ОЈО Битола се води за кривично дело оштетување или уништување на добра, соопштија од Министерството за култура.

 

Од таму велат дека одлуката на судот следи по реакцијата на Министерството за култура, соодветните институции за заштита веднаш да ги активираат законските надлежности по алармантните укажувања од стручните лица за случувањата на локалитетот Влахо.

 

„Уште на почетокот на минатата година, по барање на Министерството за економија, Управата за заштита на културно наследство се обрати до Завод и музеј Битола за мислење по однос на издадената концесија за ископ и експлоатација на јаглен во Влахо. Во доставеното мислење беше наведено дека е неопходно да се извршат заштитни археолошки истражувања за локацијата да биде комплетно истражена. Од добиените резултати би зависело дали концесијата би била одземена или просторот би бил слободен за експлоатација “, соопштија од Министерството.

И покрај даденото мислење на стручните лица и контактите на надлежните од Завод и музеј Битола со концесионерот „ЏМП КОП Интернатионал ДОО Битола“, на почетокот на оваа година, на локацијата била поставена механизација која почнала да работи на ископ. Стручна екипа од Завод и музеј Битола повторно излегла на терен и констатирала настанати оштетувања во периферниот дел од локалитетот, ја известила Управата за заштита на културно наследство чија инспекциска служба ги констатирала оштетувањата. При тоа на концесионерот повторно му било наложено да престане со преземените работи, додека не се извршат археолошките истражувања. По неколку дена, стручната екипа и концесионерот излегоа заедно на увид, при што од него добиле уверување дека се подготвени да ги финансираат археолошките истражувања. Но, на 24. 02. 2023, ископот продолжил. Екипа од Завод и музеј Битола констатирале комплетно уништување на предметниот опфат, кој требаше да биде предмет на археолошки истражувања.

„Ваквите активности доведоа до потполно уништување на културниот слој на дел од периферниот опфат на локалитетот и доведоа до губење на археолошкиот контекст, како и на сите значајни информации кои би произлегле од предложеното археолошко истражување. Имајќи ја предвид датираната старост од околу 6400 год. п.н.е, а со тоа и огромното значење на овој локалитет како еден од најстарите праисториски локалитети на Балканот и во Европа, направена е огромна културолошка, но и цивилизациска штета“ нагласуваат од Министерството за култура и додаваат дека министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска е во секојдневен контакт со Македонското археолошко друштво, а актуелните случувања ќе бидат тема и на скорешниот состанок на Националниот совет за културно наследство.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани