Анета Блажевска

Анета Блажевска

Вчерашниот регистриран случај, носител на коронавирус, бил асимптоматски, немал клиничка слика на КОВИД19, што е загрижувачки фактор за здравствените власти. За ова денеска разговараа членовите на Општинскиот кризен штаб на состанокот со градоначалничката Наташа Петровска.

Аплаузи и благодарници за здравствените работници беа доделени денес, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил. Благодарници добија и здравствените работници од Клиничката болница од Битола кои храбро се бореа да ги излекуваат пациентите од КОВИД-19. 

,,На денешниот Светски ден за хигиена на рацете доделивме благодарници на медицинските тимови кои несебично и посветено се грижеа за пациентите заболени од КОВИД-19. На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ГОБ 8 Септември, КБ Битола, КБ Штип и ОБ Дебар се слушаа и гласни аплаузи за овие наши херои", напиша Филипче.

Тој потенцира дека миењето раце и одржување хигиена е клучно за спречување на ширењето на вируси.

,,Ова е меѓу првите препораки кои ги дадовме и останува основен и најсигурен механизам за заштита од КОВИД-19. Чистите раце спасуваат животи", напиша Филипче.

ФОД ДООЕЛ и НУ Народен Театар во заедничка акција донираа 500 памучни маски  за повеќекратна употреба на граѓани кои не носеа маски на Широк Сокак. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани