
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола се одбележа 11 Октомври, денот кога пред 78 години македонскиот народ се приклучи кон антифашистичката војна. Претставници на Созјузот на борците, градоначалничката, членови на општинскиот Совет, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМН, како и нивните подмладоци, положија цвеќе пред Споменикот на револуцијата пред Центарот за култура.
АД ЕСМ подружница РЕК Битола, на своите вработени, граѓаните на Битола и на Репубика Северна Македонија им го честита 11 Октомври, Денот на востанието.
Таа имала само девет години, а тој 11 кога станале курири и пробивајќи се низ непријателските патроли, што би се рекло пред носот на бугарските и германските агенти, пренесувале писма меѓу партизаните. Бисерка и Ристо Давчеви за време на Втората светска војна кога учествувале во отпорот биле деца, а денес имаат таа 86 години, тој 90 години и горди се на тоа што придонесле за слободата на Македонија.
Јавното претпријатие „Нискоградба“ на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им го честита државниот празник 11 Октомври, Денот на востанието.
Јавното претпријатие „Водовод“ на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им го честита државниот празник 11 Октомври, Денот на востанието.
Јавното претпријатие „Пазари“ на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им го честита државниот празник 11 Октомври, Денот на востанието.
Од оперативните владини мерки за вработување во 2018 и 2019 година најголем интерес во Пелагонискиот регион имало за самовработување. Овој податок го потврди директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, на денешната регионална средба што се одржа во Битола, на која покрај Јовановска, учествуваа и градоначалничката Наташа Петровска и министерката за труд и социјала Мила Царовска.
РЕК Битола ја охрабрува политичката партија ВМРО – ДПМНЕ будно да го следи работењето на комбинатот и во иднина. Да ја известува јавноста и за инвестициите во капитални проекти што се во тек или што се планираат во блиска иднина. Производствените и финансиските биланси на РЕК Битола и на АД ЕСМ изминатите две години доволно зборуваат за начинот на работа на комбинатот и компанијата. Тие се заслуга на СИТЕ вработени.
Во меѓувреме, РЕК Битола ќе го санира дефектот заради кој Блок 3 денес е надвор од функција. Ќе ги санира и сите евентуални следни дефекти на различни простројки кои со години наназад биле запоставени и ќе обезбеди стабилно производство на електрична енергија во Република Северна Македонија.
130 корпи за отпадоци кои веќе се поставуваат на Широк Сокак, 100 зелени канти од 1,1 метар кубен, 70 метални канти со иста зафатнитна, 100 жолти канти за пластика, 2000 кафеави канти, садови за биолошки отпад од 120 литри, 200 големи канти од 240 литри, како и 35 големи контејнери, поточно 2635 садови за отпад, во наредниот период ќе се распределуваат низ битолските улици. Оваа голема акција на ЈП „Комуналец“ за поубава и почиста Битола, ја најави директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.
