2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Фестивалските завеси на 39-то издание на Интенрнационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манки“ во Битола се одржа во полупразна сала во Центарот за култура. Церемонијата беше на потребното ниво, но публика немаше многу. Како и секоја година, така и оваа отворањето на фестивалот привлече повеќе гости отколку затворањето.

Без голем гламур и метеж на црвениот килим. Поминаа помалку политичари отколку на отворањето на фестивалот. Референдумот ги одвлече од филмот. На црвениот килим помина по некој некој локален фунционер, директор, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, новинари и филмаџии.

Откако дел од публиката беше искритикувана од модни критичари за тоа како изгледаше на отворањето од фестивалот, на завршната вечер се проби по другите патеки за да стигне до Центарот за култура.

Во пресрет на утрешниот референдум, денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците, како и македонските државјани во странство кои се пријавиле за изјаснување.

За обезбедување поквалитетна настава и услови за континуиран напредок на учениците, обезбедени се три интерактивни табли  за училниците во ОУ „Коле Канински“-Битола. Интерактивните табли, со добра поддршка на компјутер, интернет конекција и софтвер ќе допринесат  за унапредување на наставните содржини. Со ваквата ангажираност се задржува вниманието на сите ученици на конкретната наставна содржина, а се зголемува и нивната мотивираност за работа, велат од ОУ „Коле Канински“.

Влашката заедница од Битола подолго време има идеја да ги пренесе посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола. Стефан Хаџи- Антоновски припадник на влашката заедница, но и еден од иницијаторите за создавање на фестивалот „Браќа Манаки“, вели дека годинава е подгоден момент за да се покрене ваква иницијатва бидејќи се слават 150 години од раѓањето на Јанаки Манаки и 120 години од атељето на браќата Манаки.

„Одамна постои оваа идеја, а целта наша е двајцата браќа да бидат во едно почивалиште. Јанаки починал во Солун и таму е погребан во ист гроб со сопругата и синот кој умрел уште додека бил дете. Милтон пак, е погребан на Влашките гробишта во Битола, заедно со сопругата. Двајцата се прогалсени за културни дејци и добро би било еден ден посмртните останки да бидат во заедничко почивалиште“, рече Хаџи- Антоновски за Апла.мк.

ЈКП„Водовод“ – Битола им соопштува на сите правни и физички лица корисници на услугите на ЈКП„Водовод“-Битола дека од понеделник  01.10.2018 година работното време ќе биде од 07:30 до 15:30 часот.

Од утрово работници од ЈКП „Комуналец“ почнаа со собирање на лисјата во градскиот парк и на јавни површини   низ градот. Есенско уредување на паркот  и собирањето  на паднатите лисја наиде на позитивни реакции кај граѓаните кои се рекреираат во паркот. Но  додека комуналците одговорно си ја вршат својата работа, несовесни граѓани ги уништуваат корпите за отпадоци и контејнерите низ паркот и централното градско подрачје.42723635 260217591297946 5096708841144320 n

Зачувано е првото сценарио за филмот „Мист Стон“, дело на снимателот и режисер Трајче Попов и историчарот и писател Ѓорги Абаџиев. Се работи за сценарио од 1952 година кое деновиве беше изложено во битолската Магаза заедно со другата архива зачувана од филмот, а во склоп на изложбата „Мис Стон: некаде помеѓу Елен и автономијата“. Изложбата беше по повод 60 годишнината од премиерата на овој познат македонски филм, а поставена во рамки на Интенационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Клиничката болница од Битола доби донација од фабриката “Кромберг и  Шуберт“за одделот САРИЛ каде се донирани  инфузомати и  перфузор што се потребни за подобар третманот на пациентите во делот на давањето лекови.

-На огромно задоволство денес имавме гости од фирмата „Кромберг и Шуберт“ каде во САРИЛ беа донирани 2 инфузомати и 1 перфузор чија намена е контролирано давање на лекови и подобрување на третманот на нашите пациенти. Соработката нема да застане овде напротив ќе продолжи и понатаму. Во името на менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола, вработените во САРИЛ како и во името на нашите пациенти изразуваме голема благодарност за донацијата, вели Сузана Конеска портпарол на  Клиничката болница во Битола.received 297773334371102received 1973915242907082

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче и градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска направија увид на изведбените работи за уредување на коритото на река Шемница во Могила.

Во тек е четвртата фаза од проектот за регулација и уредување на речното корито на Шемница во должина од еден километар и 200 метри. Откако ќе се заврши со оваа фаза ќе се почне со поставување на електрификација и урбана опрема, а доколку дозволат временските услови уредувањето на речното корито на река Шемница во општина Могила ќе биде завршено оваа градежна сезона, рече градоначалничката Јасмина Гулевска. За оваа фаза предвидени се над 2,7 милиони денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани