Анета Блажевска

Анета Блажевска

 КОГА МУ СЕ ДАВАА ПАРИ ЗА ПРИВАТЕН СУБЈЕКТ   БЕА ВЛАСТ, А КОГА НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ КОПАНКИ,  СЕ ОПОЗИЦИЈА.

 
  КОГА ГО ПОСТАВУВАШЕ КОРИТОТО НА КАМИОНИТЕ ОД КОМУНАЛЕЦ - БЕА ВЛАСТ, А КОГА ЌЕ МУ КАЖАТ БИТОЛЧАНИ ДЕКА СЕ НЕСПОСОБНИ И ДЕКА ОД "КАМИОНИТЕ ТЕЧАТ ЛАЈНА", КАКО ШО ВЕЛЕШЕ ДОТИЧНИОТ ГОСПОДИН, ТОГАШ ПАК СЕ ОПОЗИЦИЈА.
 
 КОГА СЕ СЛИКАА  ЗА НАВОДЕН СТАЦИОНАР - БЕА ВЛАСТ,  А КОГА ВИДОА ДЕКА СЕ НЕСПОСОБНИ ДА ГО НАПРАВАТ, ОДМА СЕ ОПОЗИЦИЈА.
 
ПОЧИТУВАНИ ,, ВОЗНЕМИРЕНИ" ОД ПОИНАКУ, ВИДОВТЕ ДЕКА СТЕ НЕСПОСОБНИ,  А ВАШЕТО СЕДЕЊЕ ВО УДОБНИТЕ ФОТЕЛЈИ НА ВЛАСТА, ВО СИТУАЦИЈА НИ РИБА НИ ДЕВОЈКА, НЕ МОЖЕ ДА ТРАЕ ДО БЕСКРАЈ.

Пишува: проф.д-р Александар Литовски

Интегрален текст од изјавата на Јадранка Павловска од СДСМ

„Коњановски и ДПМНЕ работат на систематско и смислено пустење на Битола и на безмилосно трошење на парите на битолчани! Со секој ребаланс на буџетот на Општината минатата година, градоначалникот Коњановски ги намалуваше парите за капитални инвестиции, а ги зголемуваше за шетање и разно – разни трансфери. Во првичниот буџет беа предвидени 8,6 милиони евра за капитапни расходи, односно изградба на улици и објекти, а 7,8 милиони евра за разни трансфери и договорни услуги.

Со првиот ребаланс на буџетот, средствата за капитални расходи беа намалени на 8,28 милиони евра, а за трансфери и услуги беа зголемени на 8,25 милиони евра. Со вториот ребаланс, Коњановски отиде уште подалеку. Ги намали парите предвидени за капитални расходи на 7,5 милиони евра, а ги зголеми за трансфери и услуги на 9,2 милиони евра.

Затоа почитувани битолчани, не ја гледате направена улицата што Коњановски ви ја ветуваше, ја нема градинката што Коњановски ја ветуваше. Не започна изградбата на училиштето во Буковски ливади. Го нема новоизградениот Планинарски дом Копанки. Нема ниту нова инвестиција во Жабени. Има срушени гаражи и трафики и еден синџир за возила кај Пионерски.

Со историски високиот процент на реализација на буџетот на општината со кој се фалат, Коњановски и ДПМНЕ се ладат со жешка вода. Ама, попарени сме сите ние во Битола.

Битола никогаш не била повалкана, Битола никогаш не била потемна, Битола никогаш не била понесредена од овие 17 месеци власт на Коњановски и ДПМНЕ, а се потрошија во ветер 30 милиони евра наши пари!“

Афоризми

Ми велат дојди утре, а не ми кажуваат кое утре.

Графитите по зидовите се слики за нашите неприлики.

Си правеше кариера, со рушење бариера по бариера.

 

 

Хумореска

ПЕЦО

Го среќавав многу пати по улиците и затоа не можам да речам дека не го познавам. Обичен човек, наш сограѓанин, од истата маала, но сепак по малку, а понекогаш и по многу од другите поразличен, дури и необичен. Никој не му беше сличен. Не му го знаев точно ни името, а да не зборуваме и за презимето. Децата го викаа Песо, а возрасните, мислејќи дека тие грешат, го завикаа Пецо. Тоа мене не ми пречеше, како сака човекон нека си се вика, не ми беше тоа важно, но сепак во еден момент тоа ми стана поважно и од најважно.

Се враќав доцна дома, во малите саати што се вели. По цела улица како што се знае одамна нема ни една здрава светилка. Жива темница. Само некоја слаба светлина, колку да ги прави уште погрди сенките, допира од некое прозорче на становите во кои очигледно живеат пензионери на кои кој знае од кога им е скршен сонот, а утредента не мора ни да стануваат рано за на работа. Глетката по улицата како измислена но и создадена за снимање хорор филм. Сто најпознати сценографи и осветлители вака не можат да ја подготват. Одам така сам, кога од левата страна ми се втурна еден пес. Од другата гледам, уште не знам колку усти озабени. Не знам повеќе ни да бројам, ни да собирам или вадам, а камоли да множам. Се размножиле кучињата, крај им нема. Ми замрзна крвта, се здрвив, не се вцрвив, оти обледнав, платно се сторив. Не стигнав ни да се преслушам на кој толку сум му згрешил, па Господ што ме казни вака да завршам. И токму еден пес од суријата кога ме зграпчи за левата нога, само што не се онесвестив оти знаев дека сега и сите други ќе ми се нафрлат, да ме зграпчат и да ме раскинат, кога за среќа, како од небо да падна, еве го Пецо, да гледаш, а да не веруваш. Не знам дали нешто им викна, оти јас бев веќе во кома, дали само што тие го видоа се собраа околу него, јас не им бев повеќе интересен; ме оставија како да не сум ни коска ни месо, се вртат околу него, мрдаат весело со опашките, гледам и се чудам, како да не е таа истата глутннца. Сто режисери ова да го режираа, вака немаше да испадне.

Сакав човекот спасител да го прегрнам од благодарност.

–Фала ти Пецо, му велам, а тој тивко ми возвраќа:

–Јас не сум Пецо, јас сум сиромавиот Трпе, а со другариве, верните пријатели – кучињата, се запознавме пребарувајќи ги контејнерите.

 

Панде Петровски фото 1

Панде Петровски: Ликовен уметник и педагог, карикатурист и хуморист. Роден е 1939 година под Пелистер, во село Брусник, Битолско. Во 1963 година завршува Педагошка академија (ликовна насока) - Скопје, со студиски престој во Италија. Сликарство учеше од: Павле Павловски, Мамер Сулејманов, Иван Мелников, Менде Ивановски, Пепи Пашанко, Тоде Ивановски, Борислав Траиковски и Вангел Коџоман. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметницина Битола), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработува со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам. Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на Општина Битола 1987 година и Специјална награда на 37. Светска галерија на „Остен“ 2009 година.

 

 

По избор на Александар Литовски

„МВР за граѓаните- заедница, доверба и одговорност“ е новата кампања што ја покрена Министерството за внатрешни работи со цел зајакнување на довербата кај граѓаните,а од денес почна да се спроведува и во Битола преку активности на Секторот за  внатрешни работи -Битола. На плоштадот Магнолија СВР-Битола постави штанд и им подели флаери на граѓаните со информации за полицијата во служба на заедницата,  проактивен пристап ориентиран кон решавање на проблемите и други податоци околу работењето на МВР.  

„Министерството започнува со нова кампања која од денес почна да ја спроведува и Секторот за внатрешни работи Битола со цел да ја афирмирање работата на полицијата поблиску до граѓаните, да ја зајакнеме довербата и да кажеме дека тука постоиме за заедницата, пред се за граѓаните. СВР Битола претставува транспарентна инситуација која ја јакне довербата со ѓраѓаните, отворена е за нив и им ги гарантира безбедноста и сигурноста со цел да направиме една побезбедна средина за живеење на сите граѓани на општина Битола“, рече Сања Стаматова портал на СВР Битола. 

336620381 608838594442842 2712440145471443079 n

329954584 952859296071190 879943121916302381 n

 Штандот го посети и градоначалникот Тони Коњановски, која истакна дека како локална самоуправа ја поддржуваат кампањата. 

„Како локална самоуправа ja поддржуваме оваа кампања која има за цел граѓаните да бидат поблиску до МВР, вклучен е и Советот за локална превенција, Советот, јавните претпријатија, граѓански здуженија, иницијативи, Територијалната протовпожарна единица се со цел безбедност на граѓаните и приближување до акциите кои тие ги спроведуваат. Граѓаните да се запонаат со работата на МВР и да си помогнеме едни со други зашто само така  можеме разните девијантни  појави во ова турболентно и напнато време да ги решиме. Вработените  во МВР прават се што е во нивниот домен и надлежности, а граѓаните се тука да бидат поддржувачи, да помогнат, но и една врска на контрола на работењето на МВР. Како локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме ваквите активности, често имаме и заеднички средби и само со заедничка меѓусебна доверба меѓу граѓаните , Советот локална превенција, Советот на Општината и МВР заедно можеме да направиме многу за зајакнување на довербата“, рече Коњановски.    

336612574 524421396548729 4778587447476735556 n

336624174 1004253037207106 2011086039925255440 n

 

Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека ЛДП ја вознемириле Габриела Илиевска од Поинаку со фејсбук статус со политички обвинувања за наводни „лажни ветувања и популизам“ објавени на 30 декември минатата година. Според мислењето дадено од Комисијата, Илиевска била вознемирена врз основа на политичка припадност и други видови уверување во постот „Народот си дојде по своето“ објавен на официјалната фејсбук страница на ЛДП-Битола.

Во постот пишува: „Лажните ветувања, популизмот, секојдневните лаги и големите желби, кои се очигледно над реалните можности си го сторија своето. Нема потреба од замајување на јавноста, нема потреба од изигрување од лажни херои и жртви, се е веќе прочитано и видено“.

Комисијата ѝ препорча на ЛДП во рок од 30 дена да ги отстрани спорните содржини од профилот, а упати писмено извинување за стореното вознемирување и во иднина да се воздржат од содржини кои предизвикуваат вознемирување по било кои дискриминаторски основи.

По ова Илиевска на нејзиниот фб профил напиша: „Поинаку ѝ препорачаа на ЛДП никогаш повеќе да не се занимавате со политика. СТОП за дискриминација кон било кој!

Од ЛДП возвратија дека Комицијата за заштита од дискриминација ја има целата нивна поддршка да пработи по сопствено професионално видување, но тоа не ги спречува да изразат изненаденост и крајно разочарување од нејзиното мислење.

„Правниот тим на ЛДП не може да определи од образложението на Комисијата во која смисла на Законот за спречување и заштита од дискриминација е направено било какво вознемирување, со кое би сè овозможило да се преземат корективни мерки и во рамките на партијата и во рамките на општеството за да се реализира основната цел на законот, а тоа е да се делува превентивно за спречување на било каков вид на дискриминација во општеството и да се понесе лична одговорност за оние кои вршат дискриминација врз било кој граѓанин или граѓанка на Македонија“, пишува во соопштението на ЛДП.

ЛДП ќе ги почитува правните и демократските механизми во државата, не бегајќи од никаква одговорност. Извинувањето или бришењето на објавата велат дека е полесниот дел од работата и ќе го направате со чувство на доблест и правичност. Но, нема да се откажат од инсистирање на целосно разјаснување на спорното мислење на Комисијата. Ќе ги преземат следните чекори:

-Правниот тим на ЛДП ќе поднесе жалба до Комисијата за донесеното Мислење и ќе побара детално објаснување. За резултатите од процесот дополнително ќе ја информираме јавноста.

-Согласно препораката на Комисијата, спорната содржина веднаш ќе биде отстранета од социјалните мрежи. Доколку во жалбената и евентуалната судска постапка се утврди дека содржината не била спорна согласно ЗСЗД истата ќе биде повторно објавена на социјалните мрежи.

-Согласно препораката на Комисијата, ЛДП ќе упати писмено извинување до подносителот на претставката, воедно информирајќи го подносителот дека партијата го прави тоа почитувајќи ја Комисијата и институциите во државата едновремено поднесувајќи жалба на Мислењето на Комисијата за разјаснување на случајот и во насока на превентивно делување во општеството од сите чинители. Извинувањето во никој случај не може да се третира како одобрување на политиките, политичката активност и на способноста на подносителот за извршување на важната општествена функција, за која целосно го задржуваме правото на слобода на мисла и на говор без дискриминација.

-Согласно препораката на Комисијата, ЛДП не само што ќе се воздржи од изразување на содржини кои предизвикуваат било какво вознемирување заснована на било која од дискриминаторските основи, туку и жестоко ќе инсистира никој во општеството така да не се однесува.

-ЛДП ќе побара писмено објаснување од страна на Комисијата зошто воопшто нема реагирано по основа на допрен глас по канонадата на јавен говор полн со омраза врз основа на пол и политичко убедување на кое е изложена претседателката на ЛДП Моника Зајкова, во смисла на вознемирување и дискриминација согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани