
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Недостатокот на можности за соодветно вработување на млади луѓе, немањето соодветни обуки и тренинзи за млади, непостоење на младински културен центар, проблеми со транспортот помеѓу населените места – вака беше презентирана состојбата на младите во општина Могила на завршната конференција на иновативната иницијатива „Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила“.
Општина Могила и тоа како го чувствува проблемот со невработеноста, која особено ги тишки младите. Според пописот од 2021 година само 17 проценти од жителите во Општината се млади лица на возраст од 14 до 29 години. Споредбено со пописот во 2000 година се бележи голем пад на младата популација. Една од причините е невработеноста, иселувањето и недоволните мерки за развој на претприем
Иван Дургутов, дел од проектниот тим на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, кои го спроведуваа овој проект, изјави дека повеќето општини во земјава имаат слични предизвици во однос на нивните млади жители.
„Тоа се младинската невработеност, културниот живот, спортот итн. Од друга страна, руралните општини како општини со поспецифични услови, најчесто и со помали ресурси, се соочуваат со уште поголеми предизвици. Овој проект и иновативната иницијатива имаа за цел да ги активираат младите од општината и околината да бидат поагилни, да имаат уште поголеми барања од своите општини, но и да се вклучуваат во можностите кои постојат за нив.нички бизниси“, изјави Дургутов.

Градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски, на денешната конференција го најави отворањето на локалниот младински културен центар, со кој општината ќе се усогласи со најновото законско решение во овој поглед.
„Просторот е обезбеден, следува негово доопремување“, рече Саботковски, и ги повика младите да бидат гласни и да ги кажат своите идеи и потреби за реализација преку тој центар.
Иновативната иницијатива „Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила“ е во реализација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, а спроведените активности беа во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Целта на проектот беше зголемено вклучување на младите во подобрување на нивната социо- економската ситуација преку структурен дијалог со локалните власти и активни мерки за промоција на претприемништво и потребни вештини и знаења кај младите во Могила.

Почитувани од СДС тоа што го реализира Градоначалникот со локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ во текот на една година вие во претходните 4 години стоејќи на глава неможевте да го замислите, изјави Сашо Никовски од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на обвинувањата на СДСМ.
„Повторно манипулирате со бројките или не знаете да прочитате буџетот на општина Битола што доколку е така навистина е жално. Прашуваме сега ние, дали вие, кои 4 години трошевте народни пари, а ништо не направивте?Дали вие потрошивте 120 милиони евра а ништо не направивте односно во последната година го направивте само мовчето кај Буковски ?
Во однос на ребалансот и ваши предлози околу капитални вложувања што вие ќе предложите е ваше право а ние ќе наброиме само дел од изготвените над 60 проекти за следниот период од Буџетот за 2023 година е досега најтранспарентниот буџет кој некогаш е донесен со директно вклучување на граѓаните од УЗ, бизнис секторот и НВО
Буџетот е со зголемен акцент и поддршка за изградба и реконструкција на улици и патишта, спортот, културата, образованието изградба на пречистителни станици и колектори, паркови и зеленило.
Ул.Зборска
ул.Драгорска
улици во с. Егри
улици во с. Лажец
улици во с. Оптичари
ул.Стив Наумов
ул. СрУ5 во АРМ
Група на улици во Населба Недопирливи
Колектори и Пречистителна станица Национален парк Пелистер
Улично осветлување и пешачка патека спрема Долно Оризари
ул. Студентска
Реконструкција на патот од с.Трново до влез на Национален парк Пелистер
ул. СтУ 1 АРМ
11 Улици во Горно Оризари
11 Улици во Долно Оризари
Адаптација на објект за ветеринарна заштита - прифатилиште за бездомни животни
Реконструкција на ул. Индустриска (Бурса)
Изградба паркинг кај ул. Цане Василев
ул.Зборска
ул.Солунска II ра фаза
Изградба на објект за противпожарна станица
Изградба на парк - Довлеџик
Реконструкција на паркинг кај спортска сала Боро Чурлевски
улица од Св. Недела до Нови гробишта
Партерно уредување на офицерски дом
Рекреативна зона Тумбе кафе - Смолево
Изградба на детска градинка во АРМ
Оваа 2023 година за општина Битола ќе биде година која ќе донесе многу нови проекти со кои значително ќе го подобри животот на сите граѓани во Битола“, рече Никовски.
Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Врз основа на факти, потенцира тој, треба да се да се утврди што се има случено таму и врз основа на тие факти да се изречат соодветни санкции, таму каде што ќе биде потребно.
- Разговаравме и вчера и утрово со министерот за здравство. Тука е и директорката на ДЗСИ, а веќе е отпочнат и вонреден надзор за тоа што се има случено во Битола. Директорот на битолската болница веќе е на пат за Скопје каде што ќе има состанок и со министерот и со заменик министерот за здравство, а дополнително информирано е и Јавното обвинителство во однос на овој случај, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје.
Министерот за здравство Фатимр Меџити посочи дека постапиле веднаш уште вчера кога ги добиле првите информации за случката во Битола.
- Го чекаме исходот од надлежните служби, од ДЗСИ и инспекторите и веднаш уште во текот на денот ќе бидете известени. Се уште не сме стапиле во контакт со семејството на девојчето. Прво чекаме да видиме што е грешката, истакна Меџити.
Конечно и во Битола да се случи вистински голем детски спектакл, на голема сцена. Станува збор за детската театарска претстава – МЈУЗИКЛ “Трите прасиња”. Оваа атрактивна детска претстава веќе по неколку пати ги полни салите низ градовите во цела Македонија, а сега по барање на битолската публика ќе гостува и во Битола. Овој детски музички спектакл, ќе биде изведен на сцената во големата сала во Центарот за култура во Битола на 25.03.2023 година (сабота) со почеток во 11-30 часот. Овој пат, честа да уживаат во овој детски музички спектакл ја имаат најмладите битолчанчиња со нивните родители, кои ќе го проследат мјузиклот со Волкот и трите прасиња, и вистински ќе уживаат во оваа детска музичка претстава.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денес извршија увид на започнатата реконструкција на патниот правец Битола- граничен премин Меџитлија, кој со години беше запоставен и полн со ударни дупки.
„Сакаме овој патен правец да го издигнеме на ниво на модерен и безбеден пат кој ќе биде во функција на бизнис секторот и на граѓаните. Ако земеме предвид дека овој е пат кој не поврзува со Грција како единствена меѓународна патна врска во овој Пелагониски Регион тогаш значењето е уште поголемо зашто тој е дел од коридорот 10 Д“, рече Бочварски.
„Рехабилитацијата се одвива со средства од ЕБОР во висина од 3,27 милиони евра, а се рехабилитираат околу 12,5 километри. Ширината на оваа делница е шест до шест и половина метри. Во моментов се врши гребење на асфалтот, а предвидениот рок за завршување на градежните работи е до крајот на јули евентуално до сптемеври“, рече Ристеми.
Од 22 април ќе започне и градбата на автопатот Битола-Прилеп чија градба треба да заврши за четири години и седум месеци. Автопатот ќе треба да се надоврзи на експресниот пат Битола-грчка граница чија изградба ќе започне в година.
