Анета Блажевска

Анета Блажевска

Со жива староградска музика денес беше пречекан министерот за земјоделство Арјанит Хоџа во ЗК Пелагонија на Денот на жетвата. Како домаќин него го пречека Цветан Панделески, претседател на Одборот на директори на копмпанијата. Во Пелагонија денес комбајните од земјоделскиот комбинат ги покосија првите класје жито со што и официјално се означи почетокот на жетвата.212885270 1007843649951260 2127225725198487530 n

Министерот за земјоделство рече дека ова е родна година и дека очекува богата жетва. Се очекува просочен принос од 3200 до 3500 килограми по хектар или вкупно 260 000 тони пченица. Годинава за седум проценти зголемени се површините под лебно зрно за разлика од лани, односно вкупно со жито беа засеани 79 000 хектари.

На новинарско прашање дали производителите на пченица ќе бидат заштитени во однос на цената, министерот за земјоделие Арјанит Хоџа изјави апсолутно да, но не се впушти во лицитација со цени.

 -Јас ќе бидам во постојана комуникација, како што сум со другите подсекторски групи цело време и мислам ќе успееме да обезбедиме добар однос меѓу производители и откупувачите. Не би можел да кажувам цена, бидејќи тоа е работа на договор, слобода на пазарот, но верувам дека ќе има задоволителна цена од двете страни, рече Хоџа.

 За следната недела најави состанок со производителите и откупувачите на жито и рече дека нема да се дозволи намалување на откупната цена на сметка на тоа што државата им дава субвенции на жетварите . .213760063 567080494659743 7620150574866310795 n

 - Цените на житото на берзата на светско и регионално ниво растат, тоа и тука треба да биде тренд. И тука самите производители да ги добијат тие и слични цени. Што и да преземаме ние како држава и Министерство во делот на субвенционирање, тоа не треба да се сфати за намалување на цената од страна на мелничарите кон земјоделците. Треба да бидеме што поконкурентни на самиот пазар во регионот, но и пошироко, но нема да дозволам за било која субвенција што ќе се дава во државата тоа индиректно да се рефлектира во намалување на цената на житото, посебно на пченицата, порача министерот Хоџа.211058272 1208409959605504 7904562426443806561 n

На денешен ден, 7 јули 1921, во селото Брусник, Битолско роден е Васко КАРАНГЕЛЕВСКИ, припадник на  македонското националноослободително и комунистичко движење во  Вардарскиот дел на Македонија и учесник во Антифашистичката војна, генерал на ЈНА.

Пред Втората светска војна е земјоделски работник. Член на југословенската комунистичка  младинска организација СКОЈ од 1941 г. и член на КПМ од 1943 г. Заменик-командант и командант на баталјонот „Стив Наумов“, заменик-командант на  Четвртата бриада, а потоа командант на Петтата и Седмата бригада. На крајот  на НОАВМ е командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија на  НОВЈ.

По Ослободувањето дипломира на Воената академија "Ворошилов" во  Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), ја заврши Вишата  воена академија на Југословенската Народна Армија (ЈНА).

Во ЈНА имаше највисок чин – генерал-полковник и беше командант на дивизија,  началник на штаб на корпус, началник на штаб на армиска  област и командант на армија. Член на Централниот  комитет на СКЈ.

Загина во несреќен случај на 3 февруари 1977 г., кај Македонски брод.

Прогласен за народен херој на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 6 ЈУЛИ 1942, над селото Златари на планината Бигла, Ресенско, формиран е Битолско-преспанскиот Партизански одред „Даме Груев“.

Јас сум од Битола. Роден и растен тука. Можеби Вам тоа не Ви значи, ама мене – МНОГУ ! Горд сум на мојот град, од многу причини за кои можам да зборувам до сабајле; Градот на Конзулите, клавирите, спортот, Саатот, архитектурата, Ајри Демировски, Кирил Македонски, песните.....и уште многу, многу причини. Еве една од многуте, една од (можеби) најважните причини...

Битола од секогаш била град за почит. Град над градовите. Овде (во непосредна околина на Битола), е пронајден најстариот арте-факт, во Неолитот (праисторија), 6000 години, пред наша ера. КУЌАТА ОД ПОРОДИН ! Овој арте-факт, е најстар во Европа. Еве малку историја...

Во осумдесеттите години на минатиот век, на просторот на европските држави престојуваше Проф. Г-ѓа Марија Гимбутас, светски познат археолог, со потекло од Америка. Таа од секоја држава (меѓу кои и Македонија) собираше мали парченца, арте-факти од Неолитот (праисторија), ги носеше во Америка, и таму во три референтни лаборатории ја испитуваше нивната старост, со Ц14 - изотоп на Ураниум. Подоцна, како резултат од исцрпното и темелно истражување, таа напиша книга за праисторијата, и (на околу триста страни, А4 формат), ја опиша праисторијата во Европа. На насловната страна на нејзиното капитално дело (со тврд повез), е КУЌАТА ОД ПОРОДИН ! Таа тврди дека целокупната европска цивилизација започнува од Пелагонија, од БИТОЛА. Ова го докажува најголемиот светски научник-археолог од Америка – Проф. Марија Гимбутас.212144308 159868406099960 1005723372877531778 n

КУЌАТА ОД ПОРОДИН има правоаголна форма со кров во форма на полуцилиндар - хиперболичен параболоид. Тешко е да се изговори, а неспоредливо потешко е да се направи такво нешто.

Инаку, куќата од Породин е надземна градба, за разлика од сите други куќи од овој период, во околните држави. Тие биле половина вкопани во земја – земуници. КУЌАТА ОД ПОРОДИН има силно изразена естетика, а тоа најдобро може да се види при дизајнот на вратата и прозорите.

Овој величествен, уникатен и неповторлив арте-факт, е изложен во музејската поставка во битолскиот Музеј.

И уште еден куриозитет: Пред неколку години, на веб страницата на Национална географија, во рубриката – “Сакам да знам”, ( “I want to know”) некој прашал : “Каде и кога е направена првата плескавица во Европа ?” Одговорот( на конзилиумот стручни лица и доктори од разни области), од оваа телевизија бил: “Првата плескавица е направена во праисторијата (Неолитот), во битолскиот регион, во Пелагонија – Република Македонија”. Ех, каква привилегија е да си од Битола !

 Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани