АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со пригодна приредба, децата од комбинираната група во детската градинка "Вангел Мајорот" при ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", се вклучија во одбележувањето на роденденот на Битола, 4-ти Ноември.
Најчестите станари на Тумбе кафе, вервериците, се се попитоми со рекреативците и минувачите. Малите паметни животинки до долги бушави опашки и денеска слободно се движеа покрај патеките каде битолчани редовно рекреираат на ридот. Во потрага по храна вервериците кои живеат по парковите и градините одамна научиле дека човекот е извор на храна.
На плоштадот во Ресен се одржа манифестацијата „Сквер арт“. 50-тина ученици од основните училишта од цела Преспа, на ликовната работилница под отворено небо, имаат слобода и можност своите креации да ги престават на плочките на градскиот плоштад „Цар Самуил“, на штафелаи, на хартија и на паноа. Организатори беа Дом на култура „Драги Тозија“ и Општина Ресен.