
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пред избирачкото место 193 во село Радобор, во општина Могила, полицијата запре возило и при проверката во багажникот пронајде прехранбени продукти и шишиња со зејтин, јавува ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Вандали во текот на ноќта ја демолирале урбаната опрема на битолското шеталиште. Позади себе оставиле пустош, превртувајќи ги и уништувајќи ги жардинерите со цвеќиња, а исто така искршиле и десетина корпи за отпадоци.
Денес Могила и Новаци избираат градоначалник. Во овие две пелагониски општини има прегласување во вториот круг од локалните избори, откако во првиот не успеаја да изберат кој ќе ги води во следните четири години.
Битола е еден од градовите од внатрешноста која дала најголем број на новинари, камермани, фоторепортери и други медиумски работници. Тешко е да се утврди точната бројка, но се проценува дека низ битолските медиуми до денес поминале околу 250 медиумски работници.
Кругот на општинската зграда во Новаци, од синоќа е излепен со изборни плакати на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Котевски.
Владимир Талески нема да се повлече од јавноса. Веќе нема да го гледаме во градоначалничкиот кабинет, туку на театарските штици. Откако му истече третиот градоначалнички мандат, тој денес покрена постапка за да се врати како актер во Битолскиот народен театар.
Аматерскиот документарен филм „Пофалба за црвената телефонска кутија“, во траење од 8 минути, на авторот од Велика Британија, Џејмс Калмерс е добитник на „Гранд-при“ , наградата на 25- Интерационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера-300“-Битола. Наградените филмови на годинешното јубилејно издание на фестивалот ќе бидат прикажани во два дена , денеска и утре во две проекции во малата сала на Центарот за култура во Битола.
Партиски митинг во салата во општина Могила одржа синоќа ВМРО-ДПМНЕ за поддршка во вториот круг на изборите на Стево Пивковски, кој тврдеше дека е независен канидадат.
Пивковски, срдечно го пречека и се поздрави со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувески, кој, на истото место, пред четири години, во кампањата за локалните избори го нарече преварант. Синоќа заедно им се обратија на могилчани и ја побараа довербата од нив.
ЕЛЕМ започнува со преземање на мерки кои во иднина ќе го намалат загадувањето на животната средина, а на компанијата ќе и ја донесат долгоочекуваната А- интегрирана еколошка дозвола. Во таа насока денес во РЕК се одржа презентација на проект за десулфуризација од страна на експерти од кинеската компанија „JET inc“.
По повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Словенија, денеска, словенечка делегација предводена од Амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец и министерот за Словенци во странство од Владата на Република Словенија, Горазд Жмавц беше во посета на општина Битола. Делегацијата и претставници на словенечкото здружение „Триглав“ од Битола, се сретна со градоначалничката Наташа Петровска, која е и првата официјална средба што се оствари откако Петровска ја презеде функцијата градоначалник.