2win800x200

Врнежите од снег вечерва ќе престанат, од утре многу студено време

Февруари 14, 2021

Времето денес (14.02.2021 год.):

Облачно и студено со врнежи од снег, особено претпладне. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а најдолго ќе се задржат во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2 степени.

Времето утре ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Од утре следува период на стабилно и многу студено време со потпросечни температури за овој период и со умерен до засилен северен ветер. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под – 10, а на места и под -15 степени. Дневните температури ќе се задржат под нулата. Од четврток следува постепено затоплување.

 

Извор: УХМР

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани