АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денеска почнува санацијата на ударните дупки на улиците во Битола и руралните средини кои се дел од општината, најави директорот на ЈКП „Нискоградба“, Методи Силјановски.
ВМРО-ДПМНЕ својот 28-ми родненден ќе го слави оваа недела со почеток во 13 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола, дознава Апла.мк од партиски извори.
На роденденот се очекува да присуствува членство и симпатизери од цела Македонија. Збирното место ќе биде во близина на Спортската сала „Младост“, а потоа со дефиле низ битолското Корзо, поворката ќе стигне до плоштадот Гоце Делчев. Таму ќе се одржи партискиот собир, ќе се интонира македонската химна, се очекува да има обраќања и голема роденденска торта.
Членовите на партијата „Граѓанско демократска унија“ од Битола, незадоволни од дејствувањето и ангажманот на градоначалничката, Наташа Петровска, решиле да засадат цветови во дупките на улиците, со цел да и подарат, како што велат, симболичен букет.
Како што некогаш битолчани доброволно го градеа планинарскиот дом Копанки, така викендов планинарите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ и други граѓани доброволно се зафатија со расчистување на опожарениот дом. Во доброволната работна акција се изведуваат припремни земјeни работи со цел санација на домот кој изгоре пред пет години. Планинарите и доброволците го чистат домот од разрушени градежни материјали и вегетацијата со која беше обраснат. Акцијата го носи името „Сите за Копанки, Копанки за сите“.
„Во земјава имате огромно природно богатство, чудесна природа, места кои се вистински бисери, но заштитата е само на хартија“, рече денеска постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, при промоцијата на грантот од 300 илјади американски долари, наменет за зајакнување на капацитетот на Националниот парк Пелистер за управување со заштитени подрачја.
Општина Битола бара од Планинарско-спортскиот клуб "Пелистер" да ѝ ја отстапи сопственоста врз планинарскиот дом Копанки за да може да изврши целосна реконструкција врз опожарениот објект.
Вечерва во Малата сала на НУ „Завод и музеј“ - Битола ќе биде отворена изложбата
„Поречаните“ - Македонското Порече 1932 - 1933 год. посветена на работата на еден од најголемите полски етнолози и антрополози, Јожеф Обрембски.
Од понеделник ќе биде обезбедена ампуларна терапија за болните од канцер во Службата за онкологија, соопштија од Клиничката болница во Битола. Од болницата велат дека проблемот настанал поради лошо планирање на ампуларната терапија од страна на претходното раководство, односно потребите од оваа терапија се поголеми од набавениот лек со тендер од минатата година.
Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, на денешната седница на Владата на РМ е прогласен за културно наследство од особено значење, во поткатегорија големо значење. Ова е прв локалитет во Македонија каде е извршена ревалоризација на споменичната целина, а сега спроведена е и неговата категоризација, согласно Законот за заштита на културното наследство, со што се обезбедува трајна заштита на локалитетот.
Градот Битола и 19 селски населби кои со вода за пиење се снабдуваат од ЈП „Водовод“-Битола користат безбедна вода за пиење, ова го покажува анализатата за 2017 година од Центарот за јавно здравје во Битола. Додека, пак, битолските села кои користат вода од селските водоводи пијат небезбедна вода.