АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преспа е еден убав град во Република Македонија, каде што има едно прекрасно езеро рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Битола запрашан за тоа како ги коментира најавите за името Северна Македонија како решение на спорот со Грција и можниот договор во Преспа. Сѐ друго, рече тој е новинарска шпекулација.
Во попладневните часови Старата битолска чаршија наликува на галерија во под ведро небо, каде младите ликовни творци од целиот свет, учесници на годинешното 37 издание на „Малиот битолски Монмартр“, ги изложија своите дела што ги направија во изминатите пет дена. Годинава на „Монмартр“ дојдоа преку стотина млади уметници од целиот свет. Од десетиците ликовни творби кои се создадоа на „Монмартр“, жирито ќе ги избере најдобрите, односно бисерите на годинешната ликовна колонија..
За првпат сите средни училишта во Битола имаа можност да ги претстават своите капацитети на Саемот за средни училишта што се одржа на плоштадот Магнолија. На саемот седумте средни училишта на свои штандови се претставија со наставните програми, кадар, достигнувања на ученици, изработки и одредени услугуги со цел подетално да ги запознаат идните средношколци со својата понуда.
Иконостасот во црквата „Св. Димитрија“ во Битола е најголем по површина во храмовите низ Македонија, вели историчарот на уметност и советник конзерватор во битолскиот Завод и музеј, Ристо Палигора.
Пругата од Битола за грчка граница ќе биде изградена до крајот на ноември годинава, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денес изврши увид на градежните работи за делницата што ќе минува во близина на индустриската зона Жабени.
33 годишната самохрана мајка Мерзука Сулејмановска од Битола стана говедарка за да ги прехрани двете малолетни деца. Социјалната помош од 4000 денари не стига да ги плати месечните давачки, а и алимемнтација не зела редовно. Соочена со немаштија одлучи да ја пасе стоката како момок за припомош.
Во Битола од секогаш се пиело кафето зачинето со муабетот „а ле што збораш“ како синоним на социјализацијата, љубопитноста, но и малограѓанштина. Битола е препознатлива по говорни изрази, што не се ни поговорки, ни пословици, можеби анегдоти, вистински случки и настани кои лесно се паметат. „Не си на Данабаш ќерка, па да се контиш“, „Ај оој да се сликаш кај Манаки“,„Ми ја напрајвте куќата корзо“,„Шанкуре сам се чепка“, „Кај Фиќи на тераса“...
Во Македонија недостигаат 750 пожарникари, а дел од постоечките пожарникари и други кои очекуваат да бидат ангажирани имаат невалидни дипломи, велат од Центарот за обука на професионални пожарникари „Пегаз Еду“ од Битола.
Пионери со црвени марами и сини титовки, денеска ги служеа гостите во кафе барот Буре на плоштадот Магнолија, а пред влезот се вееше знаме со петокрака. Кафулето со овие југословенски симболи, ги потсети битолчани дека на денешен ден, 25 Мај, во Титова Југославија се славеше Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз Тито.
Во книгата Чудата на Свети Наум од Стојан Ристески, објавени се дел од молитвите што како писмени обраќања верниците ги упатиле до светецот во храмот во Битола посветен на него.