АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Натпреварот беше светски, а таа единствената Македонка што успеа да се пласира меѓу победниците. 12- годишната битолчанка Симеона Стерјева, го освои третото место на светскиот натпревар по англиски јазик „Hippo 2018“ што се одржа во Лидо ди Јесоло во Италија на 12, 13 и 14 мај годинава. Оваа ученичка од Основното училиште „Гоце Делчев“, со чиј успех се гордее цела Македонија, англиски зборува како да ѝ е мајчин јазик.
Македонија во наредните две години се подготвува да го реализира проектот за гасификација, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, при посетата на Битола.
Во строгиот центар на Битола, во стамбено-деловниот објект „Пелагонка 2 “и стамбениот комплекс „Стара болница“ се живее во опкружување од ѓубре и диви депонии во секој ќош, реагираат станари од „Пелагонка 2“ . Наместо во контејнерите што се поставени непосредно до стамбениот објект, во близина на паркингот , несовесни битолчани сопственото ѓубре го расфрлаат каде ќе им текне, само да се ослободат од него.
Добитник на гран при наградата на 20-тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама Битола 2018 година е претставата „Контрабас“ на актерот Шовги Гусеинов од Азербејџан. На синоќешното свечено доделување на наградите, претседателот на трочлената жири комисија Коле Ангеловски истакна дека тој и членовите на жирито Нина Мазур и Весна Петрушевска, одлуката ја донеле едногласно.
Битолската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“ од Битола, Кире Крстевски (55), за „злоупотреба на службата“, а кривични пријави за „несовесно рабаотење“ поднесени се против неговите соработници во ова јавно претпријатие, помошник на директорот за технички работи М.М. (59), раководител на сектор за правни работи В.П. (58) и референтот за техничка исправност на возилата и поранешен раководител, С.Х. (55). Сите се осмничени дека во периодот од 2013 година до 2017 година му нанеле штета на ЈП „Нискоградба“ во вкупен износ од 15 милиони денари или 250 илјади евра.
В очи денешниот верски празник Свети Атанасиј, патрон на црквичката кај Смолево, некој најверојатно се обиде да подметне пожар во околната шума. Група битолчани кои вчера попладне се искачувале до црквата, движејќи се по патека која водела низ густа шума, наишле на кофи полни со пилевина, шишиња со гориво и некаква направа на која биле обележани знаците плус и минус.
Дел од службениците во Општина Битола во петокот се „обесија“ на прозорците од општинската зграда за да го видат премиерот Зоран Заев.
Одамна премиер не стапнал во Општината, уште од времето на Владо Бучковски во 2006 година кога дојде да го најави процесот на децентрализација.
За традицијата на Фестивалот на монодрама од Битола, кој е единствен од ваков тип во земјава, квалитетните актери и претстави кои учествувале, говори изложбата „Низ фотографскиот светоглед“ на битолскиот хроничар, новинар и фотограф Петар Ставрев.
Финансиска поддршка од државата за исплата на долговите во училиштата и изградба на стадионот „Под Тумбе кафе“ вети премиерот Зоран Заев при денешната посета на Општина Битола. Долгот на битолското образование што го наследи новата локална власт е над 4 милиони евра, а Заев најави дека за подмирување на обврските ќе се искористат средства од Европската банка за обнова и развој.
-Денес започна асфалтирањето на излезот во правец Битола -Прилеп. Наскоро тротоари и осветлување, ова им го соопшти на граѓаните градоначалничката Наташа Петровска, на нејзиниот фејсбук профил.