2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Директно

Битолската полиција поднесе нови кривични пријави против ексградоначалникот на Битола , Владимир Талески и негови соработници од претходната локална самоуправа, вработени во Општината. 

Талески овој пат се сомничи за злоупотреба на службената положба. Поранешниот раководител за финансии и член на Комисијата за јавни набавки, Слободан Бончановски, правникот од Општината  и член на комисијата за јавни набавки М.К. и советничката за образование и член на истата комисија С.П. се осомничени за несовесно работење во службата.

Вц казанчиња, други елементи од тоалет, теписони, канцелариски материјали, облека и друг гломазен смет преку викендов беа исфрлени во контејнерот на Основното училиште „Гоце Делчев“ од Битола.

Претседателот на ЛДП  и пратеник од Битола, Горан Милевски попладнево бил физички нападнат на плоштадот Македонија во Скопје.

Настанот се случил во  16,30 часот, додека Милевски се движел по плоштадот, кога едно лице му се нафрлило удирајќи го со тупаници, при што пратеникот се здобил со лесни повреди по лицето и главата. 

Милевски за Апла.мк го потврди настанот.

Случајот е пријавен  во полиција и се преземаат мерки за негово  расчистување.

Атанас Стојановски, Јонче Стојановски и Асен Даскаловски беа дел од екипата која го изгради и одржуваше првиот предавател на средни бранови за потребите на Радио Битола. Фотографијата од заслужната екипа, на која има и други челнови чии имиња не ни се познати, ни ја испрати битолчанецот Владо Стојанов , чиј татко учествуваше во оваа мисија-Битола да го добие првото локално радио во Македонија.

Ако продолжеше да емитува програма, деновиве ќе славеше 68 години постоење во македонскиот медиумски простор. Радио Битола, најстарото јавно локално радио во државата не работи веќе седум години, но неговиот дух не умира.

По пет години чекање, Општина Битола конечно обезбeди терен за изградба на полигон за полагање на практичниот дел од  возачкиот испит. Од Општината за апла.мк соопштија дека локацијата се наоѓа во Горно Оризари и дека државното земјиште е пренаменето во општинско со намена таму да се направи полигон.

Битола сеуште нема полигон за полагање на возачки испит, пет години инструкторите и кандидатите возат до полигоните во соседните градови. Оние кои се засегнати од овој проблем велат дека Битола има полигон во близина на селото Поешево, но се чека дозвола за негова употреба.  Владата донесе одлука да се изврши пренамена на земјоделско земјиште за полигон во близина на Битола, а веста ја потврди и градоначалничката Наташа Петровска на својот фејсбук профил. Локацијата не се откри, ниту други детали.

Фондацијата „Тома Фила“ објави конкурс за доделување на стипендија за студент на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Стипендијата е во бруто износ од 10.000 денари и се доделува за стипендирање и поддржување на еден талентиран студент од Правниот факултет - Кичево, дисперзирани студии во Битола, на втор циклус студии, со остварен просек од најмалку 8 и на прв и на втор циклус студии.

Под тежината на снегот што наврна во текот на ноќта попушти и се сруши тенда на Широк Сокак. Воедно, врнежите предизвикаа и проблеми со струјното напојување во делови од месноста Бела Чешма и населбата Ушици во Битола..

Снежен старт на пролетта или како што некои напишаа на фејсбук „Дедо Мраз ја заборави Баба Марта“ и „цела зима пролет, а сега цела пролет зима“. Битола под снежна покривка од пет сантиметри и температура до нула степени. Снег и на Пелистер, а од утре продолжува ски сезоната на „Копанки“. .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани