АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Емилија Костурска, професор по информатика и советник од редовите на СДСМ, е назначена за заменик градоначалник на Општина Битола.
Битолската полиција поднесе кривични пријави против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“, Кире Крстевски, за сторени кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување “несовесно работење во службата” и “фалсификување или уништување на деловни книги”.
Веќе не предаваат во Горната гимназија, но работниот век ги поврза за на век. Иако пезнионирани по повеќе години, не пропуштаат ни една недела без да се сретнат. Збирно место им ресторанот „Грне“ во центарот на Битола каде со по некој филџан кафе ќе помуабетат, евоцирајќи спомени за минатото кога биле професорки, а дискутирајќи и за сегашноста. Понекогаш се собираат и по петнесетина пензионирани професорки од гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Апарат за лекување на белодробни заболувања кај децата доби како донација детскиот оддел на Клиничката болница д-р „Трифун Пановски“-Битола од фирмата „Жито Лукс“.
Битолската публика вечерва имаше можност да ужива во бродвејски амбиент што во големата сала на Центарот за култура го доносоа Камерниот оркестар од Битола и солистите кои настапија на овој концерт.
35 годишниот моторџија Б.А. , жител на село Мојно, попладнево загина во тешка сообраќајна несреќа на излезот од Битола за Ресен во близина на бензиската пумпа "Лукоил".
Окупаторот мислел дека војува со баталјон, а спроти себе имал седуммина партизани, од кои три жени.
Долг од над 110 илјади евра, по разни основи, тужби од играчи, извршни решенија за неплатени сметки, неплатени услуги кон добавувачи. Во ваква состојба, новото ракводтсво го затекна ракометниот клуб „Пелистер“ при неговот преземање во јануари годинава. Новиот управен одбор денеска на увид на јавноста го стави финансискиот извештај за првото тромесечје. Овој долг е целосно саниран, а блокиранта сметка, денеска со дотациите од општина Битола, е одблокирана
Има начин загадувањето со ПМ честичките да се сведе на половина, доколку домаќинствата во Битола се греат на сертифицирано дрво со мал процент на влага, велат од Здружението на географи „Геосфера“.Од шумските претпријатија одговараат дека иако ваквите препораки изгледаат едноставно, сечата и доставата на дрва е сложен процес и не може да се прилагоди преку ноќ, туку ќе треба време.
Дворот и спортските терени на техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, нема веќе да бидат корзо за граѓаните и пазарџиите од Новиот пазар во Битола. Училиштето заради безбедносни причини за учениците и вработените ќе ги затвори и огради сите диво отворени премини кои од Новиот пазар водат низ дворот на училиштето до околните згради.