АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По завршување на подготовките, Општина Битола со ЈП „Нискоградба“ ги отпочнаа градежните активности за реконструкција на влезот во Битола од страната на Прилеп. Од општинскиот буџет ќе биат издоени 8,5 милиони денари, а дополнителн средства обебзбеди ЈП за државни патишта.
Сончево со мала до умерена локална облачност, најавуваат метеоролозите за денеска . Утринската температура се движеше од два до девет степени, а дневна од 16 до 26 степени.
Максималнанта дневна температура во Битола 23 степени.
12 фудбалери од Фудбалскиот клуб „Пелистер“ и еден физиотерапевт претпладнево се затруле со храна откако јаделе во ресторан во Велес. Од ФК „Пелистер“ ја потврдија информацијата и велат дека фудбалерите биле однесени во велешката болница каде примиле инфузии. Фудбалерите денес требаше да играат натпревар во 16 часот во Скопје, а на пат за главниот град, запреле во Велес да јадат. Неколку часа по јадењето, им се јавиле стомачни тегови, па биле однесени во болница. Поради нивната здравствена состојба, натпреварот во Скопје е одложен.
Ставен во употрена е шадрванот пред Јени џамија во центарот на Битола. Реконструкцијата на шадрванот траеше неколку месеци при што во централниот дел поставен е мермер, а во кружната фонтана зачувани се старите камени коцки. Реконструираниот шадрван доби осветлување и од него потече вода.
Членови и волонтери на Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола учествуваат на меѓународна младинска размена во Анкара на тема:„ Make the world green - Направи го светот зелен“. Општина Ќечиорен од Анкара која со партнерски организации од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Шпанија е организатор и носител на овој проект.
Граѓанската асоцијација од Битола денес го организира хуманитарниот настан „Од срце за децата на Битола за еднородителските семејства“, каде на плоштадот Магнолија од 9 до 16 часот се поставени штандови со производи на приватни и јавни фирми како донација од граѓаните за еднородителските семејства.
-Вклучени се градинките „Пролет“ и „Бонбончиња“, потоа „Орифлеим “ и „Авон“ како и фабриката „Кромберт и Шуберт“ коишто со свои донации се вклучени во акцијата. Обезбедени се 13 пакети на производи кои ќе бидат донирани на еднородителски семејства, рече Ѓорги Јошевски, претседател на Граѓанската асоцијација Битола .
Општина Битола завчера распиша тендер за прибирање на понуди за 24 часовно обезбедување и мониторинг на Офицерскиот дом. Право да се пријават имаат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на ваква дејност. Краен рок за доставување на понудите е 16 април.
Битолчанката Стефанија Атанасовска (25) е првиот стипендист на фондацијата „Тома Фила“ која речиси неполна година стажира во адвокатското друштво „Веритас“ во Битола. Таа како стажант добива по 10.000 денари за своето стручно усовршување како адвокатски приправник. Стипендијата од фондацијата „Тома Фила“ ја чувствува како привилегија, особено поради стекнатото искуство од граѓанско и кривично право.Таа за стипендијата аплицираше со просек 9,82 од додипломските студии и просек 10 на магистерските студии по кривично право.
Идентификувано и приведено е лицето кое изврши напад врз пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој посочи дека станува збор за лицето П.В. од Скопје, кое од порано и е познато на полицијата.