2win800x200

Директно

Идентификувано и приведено е лицето кое изврши напад врз пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој посочи дека станува збор за лицето П.В. од Скопје, кое од порано и е познато на полицијата.

Сепак, кражбата на семафорите од обиколницата во Битола била пријавена во полиција. Иако од СВР утрово рекоа дека немаат таква пријава, попладнево портпаролката Сања Стаматова не информира дека кражбата била пријавена вчера, но под друго име, па затоа се направила забуна. 

Семафорите беа поставени во петокот, а украдени викендов. 

Во битолската полиција нема пријава дека биле украдени семафорите од обиколницата над Битола. Портпаролката Сања Стаматова вели дека таков случај никој не пријавил во СВР Битола.

Јавното претпријатие „Водовод“ ги известува жителите во комплексот згради Стара Болница на улицата „Климент Охридски“ и куќите на улицата „ Стив Наумов“ дека денес ќе има 4 часовен прекин во водоснабдувањето на корисниците и тоа во периодот од 9  до 13 часот, поради работа на екипте на ЈП „Водовод“ на отсранување на дефект во водоводната мрежа.

Непознати лица ги украле семафорите со акумулатори и патната сигнализација кои во петокот беа поставени кај свлечиштето на обиколницата над Битола што е дел од регионалниот пат Прилеп-Охрид. Редакцијата на Апла.мк во петокот направи фотографии од поставените семафори и ги објави на порталот, но денес местото е празно.

Една година по свирепото убиство на својата сопруга Е.Д (47), се самоуби битолчанецот И.Д (54) години, кој утрово во 6 часот е пронајден обесен во притворското одделение во затворот „Црн мост“ во Битола. Него го пронашол вработен во затворот по што била повикана Брза помош која само ја констатирала смртта.  

65 годишен битолчанец С.С. утрово почина  кај месноста Неолица, откако со своите пријатели тргнал на пешачење, потврдија од битолската полиција.

Претседателот  на  Здружението на пензионери- Битола, Томе Илиоски,  после два мандата раководење не сака да си замине од функцијата, тука бара начин да си го продолжи мандатот за уште десет месеци, обвинуваат група на пензионери од градот.  Илиоски е татко на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски. Тој  тврди дека статутот е сменат е дека има право на продолжување на мандатот . 

Во просториите на битолското Здружение на пензионери денес пред да се одржи седница на Собрание, атмосферата беше тензична, со расправии на  повисок тон.

Ексградоначалникот Владимир Талески на денешното судење  во Основниот суд во Битола по обвинението за негрижа за Офицерскиот дом рече дека апсолутно не се чувствува виновен. Во главната расправа неговиот адвокат Драѓи Пажик рече дека лустерот од балската сала што во обвинението се прикажува како непроценливо богат,  всушност е  како и секој лустер, само поукрасен и погломазен, а такви денес има во слободна продажба. 

Мислејќи дека сака да и’ го одземе зборот од советничката говорница, денеска на седницата на Совет жестоко реагираше  независната советничка Габриела Илиевска, барајќи од Валентин Груевски, да се определи дали е претседател  на  Советот или советник.

-Не можете да ми го земите зборот, значи ми упаѓате! Колега Груевски, вие сте претседател на Совет изигрувате овде и советник и претседател . Ако не, ставете друг претседател, бидете советник, па ќе се расправаме. Не можи на сред збор да ми кажувате, не можи, рече на повисок тон Илиевска, пред да разбере дека претседателот Груевски,  кога и побарал минута пауза сакал само да го предупреди советникот на СДСМ , Борче Корлевски да не и упаѓа на Илиевска во говорот од место и да не и пречи во дискусијата, зошто тоа не е деловнички, ни пак статутарно.

-Значи не мора да викате толку, и  рече Груевски на Илиевска, а таа веднаш го праша – А како да викам?

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани