АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не ви е добро? Прашајте се дали ги почитувате своите вредности?!
Го знаете она чувство кога внатре имате бура на емоции кои ви се судираат. Тогаш знаете дека сте доживеале внатрешен конфликт. За разлика од другите постоечки овој може да е во директна врска со ,,газењето“ на сопствените вредностите кои ги почитуваме. Дали некогаш сте размислувале за тоа кои се вашите вредности врз основа на кој се мотивирате, донесувате одлуки и живеете? Списокот на вредности е многу долг и кај секој од нас е различен, но прашањето е зошто е важен?
Вредностите одредуваат зошто нешто правиме и зошто тоа ни е важно. Тие делуваат на тоа дали се чувствуваме способни да оствариме нешто или ограничени. Ако ги знаете вашите вредности полесно ќе се разберете себеси, но може и свесно да ги промените нивниот приоритет или значење ако не го постигнувате саканиот резултат.
Во вредности спаѓаат љубов, фантазија, креативност, храброст, идентитет, индивидуализам, дисциплина, семејство, објективност, харизма, еднаквост, искреност, снага, сигурност, пријателство, ведрина, верност,хармонија, мир, ред, речитост, точност, толеранција, слобода, слава, независност, нежност, отвореност, потекло, успех, здравје, животна радост, среќа, свест за обврска, припадност, демократија, чест, безвременост, благост, богатство, почит итн. Ова е само дел од списокот, а ги има уште најмалку стотина. Ако сакате да проникнете во вашите и да одредите зошто ви е нешто важно одберете 10 најважни вредности согласно кои живеете. Потоа нумерирајте ги со броеви од 1 до 10 во кој најважната вредност ќе биде нумерирана со 1. Избирајте помеѓу 1 и 6 (па 2 и 7, па 3 и 8, 4 и 9, 5 и 10 ) и прашајте помеѓу две вредности која Ви е поважна. Така ќе ја добиете листата од 5 најважни вредности за Вас. Продолжете со тоа што на лист хартија ќе запишете до секоја од нив што значи таа за Вас и што Ви пружа?! Па, прашајте се: Како на надворешниот свет му ја покажувам вредноста Х (на пример слобода)?
Оваа кратка, но ефективна вежба може да ви расветли што е она што Вас ве мотивира, зошто ви е тоа важно. Понекогаш се случува да почитуваме исти вредности, но треба да знаеме дека може да имаме сосема друго толкување на иста вредност од две различни личности. Пример: Слободата како вредност за еден е патувања, за друг самостојно носење на одлуки. Најважно е да разбереме зошто нас ни е нешто важно и зошто ние се разликуваме од другите луѓе.
На крајот само да напоменам – водете се од своите вредности и внимавајте да не ги погазувате оние кои ви се значајни, за кои цврсто се држите. На тој начин не само што ќе се демотивирате туку може да се најдете во внатрешен конфликт, по кој може да имате и физички симптоми без присуство на болест. Пробајте да ја разберете различноста на другите, но најважно е да се разберете себеси затоа што вредностите се она што Вас ви манифестира одредено однесување. Кога делуваме согласно нашите вредности имаме мир кој ништо неможе да го замени. Од друга страна не постои нешто што би било апсолутно исправно или погрешно, но исто така треба да ја знаете корисноста од вредноста за која цврсто се држите. Ако не сте задоволни или неможете сами добро е да се знае дека може свесно да се менува, открива, спознава,решава. Индивидуалните коучинг сесии можат да ви помогнат во тоа.
Пишува,
М-р Билјана Галовска, NLP master coach, предавач на Бизнис Академија Смилевски, , Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (инфо разговор)