2win800x200

Ништо не е, и не може да биде исто!(пишува Валентин Груевски)

Март 12, 2020

Во претходните години во Битола се случија десетици работи кои покажаа дека во овој град може да се  живее и подобро и поубаво. Се решија многу наследени проблеми, се отворија перспективи за многу добри работи, Битола добива неколку нови објекти, или ги реставрира и ги обновува старите, се добиваат нови содржини.

Во Битола, таков ни е карактерот, тешко e да се признае успехот, ама секој кога ќе разговарате и кога ќе му ги презентирате фактите, ќе ви рече, е добро така е, ама можеше да биди многу побрзо и многу повеќе. Се согласувам со ваквата констатација, дека секогаш може повеќе и подобро од она што се направило.

ДОСЕГА

Досега е направено  многу или малку, во зависност од која страна го гледате и каква е вашата перцепција за одредена област, ама јас сум убеден дека за градот никогаш ништо не е доволно и секогаш ни треба повеќе. Полигон, Офицерски, стадион, осветлување, паркинзи, инвестициите во „Пазари“, обиколницата, затворениот базен, сите околни патишта, пречистителна станица на Пелистер, инфраструктурата во касарната.

 Детските градинки комплетно се реконструираа, ама тука не се застанува, ракометот пак се врати на  картата, реконструирани се многу  училишта, се опреми и  Регионален ресурсен центар за слепи лица.  Училиштето  „Св.Кирил и Методиј“  доби нов двор и ново греење, добивме во зимскиот период и лизгалиште, детски парк  и уште многу други поголеми и помали работи кои се направија во овој период .

 ИДНИНАТА

Иднината секогаш бара повеќе, ама и многу побрзо. Најголемиот проблем, во овој момент е инфраструктурното поврзување со главниот град. Многу брзо треба да се реши патниот правец Битола-Прилеп, а уште побрзо и Битола – Скопје. Влезот од страната на  Охрид и патниот правец Битола-грчка граница се приоритети, првиот на локалната самоуправа, а вториот на централната власт.

            Во блиска иднина, Битола треба да добие и детска градинка, модерна, современа, со многу деца и тој проблем со листи на чекање мора да се надмини. Битола мора да размислува за зголемување на своите приходи од туризам, бидејќи потенцијал  има, ама има многу работа дури тоа не се постигне. Објектите кои се градат мора да најдат начин да се самоодржуваат , а не да пропаднат откако ќе бидат направени. Добро е да се размислува и за нови старски домови, бидејќи постоечките се преполни, иако одлично функционираат.

            Изборите кои се на прагот, ќе треба да ја вдахнат новата енергија која му треба на градот за негов побрз развој. Ново-старата власт ќе добие нов ветар, нова енергија и нови искуства за решавање на проблемите.  Одлична можност за додавање на гас на педалите, за  разубедување на скептиците од почетокот на текстот дека, ништо не е, и не може да биде исто.

           

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани