2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

КОЕФИЦИЕНТ НА СРЕЌА (Пишува Билјана Галовска)

Март 10, 2020

,,Поголемиот дел од луѓето трагаат по среќата. И неуморни се во својата потрага. Се обидуваат да ја пронајдат во нешто или некој надвор од нив. Тоа е суштинската грешка. Среќа е нешто што Вие сте и извира од начинот на кој размислувате,, Вејн Дајер.

Дали сте среќни? Што е тоа среќа? Која е вашата дефиниција за среќа? Уште колку ќе чекате таа да пристигне до Вас? Дали навистина траба да се случи нешто надвор од нас кое ќе не направи среќни? А, и кога тоа се случува, тогаш зошто не трае таа среќа, па трагаме повторно по неа?

Среќата не е производ, не е нешто што пристигнува со иднината. Среќата не е во материјалните работи кои ги поседуваме или во претстојните случувања. Таа не може да се случи во иднината која чекаме да дојде. Таа е секогаш, ама секогаш достапна само сега. Таа се наоѓа во пронаоѓањето на длабоката смисла во нашиот живот. Среќата е состојба чии зачеток е во нашите мисли, производ на нашето суштинско гледање на животот. Таа не е видлива категорија, таа е нешто кое длабоко продира до нас и не оживува во вистинска смисла. Животот- рекол некој -не е тоа што се случува, туку како гледаме ние на тоа што се случува. Прашањето е како гледаме ние на среќата во нашиот живот?

Верувам дека некои од Вас би сакале да дознаат какви се луѓето кои се вистински среќни, што прават или имаат тие? Направените истражувања за тоа што е присутно кај вистински среќните луѓе не водат до четири централни точки, четири области и тоа:

  • Прво, секој од нив колку повеќе ја живее својата единствена смисла на планетата Земја, се повеќе се чувствува среќен. Вистински среќните луѓе продолжуваат да се движат во насока на својата животна смисла и кога не е лесно, па преку својата суштина се поврзуваат со својата права природа
  • Второ, навистина среќните луѓе ја забележуваат разликата помеѓу наградата и задоволството. Тие се фокусирани на својата благосостојба (здравје, постигнувања, , постоење,богатство,активности и сл) на работи и улоги кои се вредни за поврзаноста, а не само на работи кои носат задоволство
  • Трето, свесни се за тоа дека среќата доаѓа низ придонесот за другите. Среќата на другите луѓе го поттикнува нивниот елан и жар
  • Четврто, благодарни се на се што имаат сега, го ценат животот и продолжуваат да поставуваат прашања трагајќи за длабоката смисла на сопствениот живот

Нашата среќа е онаму каде се сретнуваат нашите вредности и смисла. Тоа не води во овие четири области и тука се развива свеста за тоа да бидеме среќни денес, да трагаме по нашето суштинско јас кое е во нас, да прифаќаме и да го освестиме денешниот момент и неговата убавина. “Можеби не е секој ден добар, но во секој ден има нешто добро”. Ако се поттикнеме да го пронаоѓаме тоа ќе го подигнеме сопствениот коефициент на среќата кој ќе оди за скала нагоре. А, на прашањето како тоа да го направиме трајно, има само еден одговор. Нашиот внатрешен свет кој постои во нас, не надвор од нас.

Пишува м-р Билјана Галовска НЛП тренер и професионален коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски инфо: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани