АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новиот закон за филмска дејност го бараат филмските работници. Ние не сме помпезна власт која што ќе им кажува на филмските работници што треба да прават.
-Култура не е нешто што треба да се стави меѓу некролозите и малите огласи, културата е она што човекот го прави човек, заедницата ја прави да биде заедница и конечно културата е она што човештвото го прави човештво.
-70 години да градите куќа во која е собрана целата интелектуална културолошка елита на Македонија, да го дигенте реномето до ѕвезди, и со право, да го имате Милчо Манчевски, Киро Ценевски, Столе Попов со врвни награди.
Независната листа на кандидати за советници на Општина Битола со носителот Габриела Илиевска одржа јавна дебата за бездомните животни и домашни миленици. Во дебатата со свои размислувања се вклучија претставници на повеќе здруженија за заштита на животните и животната средина и други граѓани на Битола. Од нивна страна беше нагласено дека ниту битолската локална самоуправа, ниту пак било која политичка партија досега не го актуализирала проблемот со бездомните животни.
ВМРО-ДПМНЕ , во Битола, разубедувало гласачи да не гласаат за кандидат за градоначaлник на 15 октомври. Членови на партијата од населбата Јени Mаале, велат дека лица од општинскиот комитет ги разубедувале дека големата излезност би одела на контото на СДСМ, и би значела победа во прв круг на Наташа Петровска.
Нема ништо поважно од нашите деца, внуци, од нашата младина. Како локална самоуправа предводена од СДСМ и коалиционите партнери, во иднина мора да го дадеме својот максимум младоста да ни остане во Битола, вети Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ.
Поранешната касарна, а сега веќе новата населба Златен рид ќе доживее градежна експанзија, вети Зоран Илиоски кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, неколку години назад не собра храброст да се појави пред Советот на Општина Битола и да даде отчет пред советниците, како се трошат парите на битотолчани. Во исто време советниците од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ги аминуваше сите буџети и одлуки на Талески.
Кандидатката за градоначалник од СДСМ, Наташа Петровска, вчера и практично ја покажа својата заложба за почиста Битола. Таа на велосипед им се приклучи на граѓаните учесници во вело турата низ Битола.
По подолг период, да не речем за првпат официјално, почната е постапка за меѓународно признавање, сертификација на скијачката патека „Копанки“. Ова за да се добие меѓународна норма и да може да се организираат натпревари од национален и меѓународен карактер. Ако до почетокот на оваа сезона ја добиеме сертификацијата ќе значи многу за развојот на туризмот на Пелистер.