
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
89- годишниот битолчанец, кој од Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола беше испишан вчера, е највозрасниот пацинет кој се лекувал од ковид-19 од Битола и успеал да го победи вирусот. Тој не е првиот жител на Битола од трето доба кој го преживеа коронавирусот. Во тоа досега успеаја неколкумина битолчани кои во деветата деценија од животот се излекуваа од ковид-19. Дури и првиот пацинет со оваа болест во Битолската болница на почетокот на април беше 85-годишен битолчанец, кој се излекува, а после него уште неколкумина други повозрасни пацинети.
„89-годишниот пациент од Битола беше хоспитализиран како веќе позитивен дијагностициран преку Центарот за јавно здравје кога кај него се развија симптоми на бронхопневмонија. Кај нас беше хоспитализиран дестина дена и во стабилна состојба, со добра клиничка слика, по добивање на два негативни контролни теста се испиша од Инфективно одделение. Првиот пациент кој беше од Битола хоспитализиран имаше 85 години, највозрасните пациенти кои сме ги имале се пациенти на 83, 84, 85 години и овој кој досега бил највозрасен 89- годишен, оздравени од ковид 19, испишани со два негативни теста во добра состојба“, рече Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница од Битола.
Пишува: Весна Коловска
Пост од Фејсбук искористен во обид да се направи новинарски текст, а во насловот да се дискредитира вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која на Парламентралните избори 2020 е носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица број пет.
Пишува Ване Трајков
Во насловот на објавената информација на порталот Република, по синоќешниот инцидент пред ГОБ ,,8 септември’’ кој гласи ,,Требаше да ја убијат, СЗО ви плаќа за секој починат: Неверојатни коментари на социјални мрежи’’ се повторуваат изнесени навреди и говор на омраза кон медицинскиот персонал.
Пишува: Ардит Рамадани
„Заев ја пцуе мајката на БЕСА и нејзините активисти”, се вели во веста што ја рецензираме и таа е пример како еден медиум манипулира и клевети за да предизвика раздор внатре во една коалиција која учествува во изборната трка на 15 jули, како и меѓуетнички раздор во земјата, намерно мешајќи ги датумите на изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да се добие впечаток дека тој го опцул движењето БЕСА.
Пишува: Ардит Рамадани
Во овој напис се тврди дека лидерот на Алијансата за Албанците е против објектите за игрите на среќа, иако тој никогаш не изјавил такво нешто. И за да го „демантира“ нереченото од Села, авторот објавува слика на секретарот на АА направена во еден хотел кој се вика „Казино“.
Во време на светска пандемија, кога оваа генерација матуранти ја немаше можноста да организира матурска прослава која се памети за цел живот, ниту пак да отпатува на заедничка екскурзија со која ќе се збогуваат од средношклските клупи, група од десетина матуранти предводена од Пантелејмон Трпчевски се искачи до Големо Езеро на Пелистер.
Од таму ексклузивно за апла.мк испратија исклучителни фотографии, но и видео од нивната авантура со чамец од центарот на едно од најубавите глечерски езера на светот.-Големо Езеро во НП Пелистер.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5.
Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3134, активни 2049
• Куманово 760, активни 211
• Дебар 96, активни 44
• Штип 347, активни 160
• Прилеп 263, активни 37
• Тетово 714, активни 394
• Струга 225, активни 140
• Велес 186, активни 40
• Битола 54, активни 20
• Охрид 174, активни 150
• Кавадарци 18, активни 12
• Гостивар 122, активни 66
• Гевгелија 10, активни 3 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) • Струмица 15, активни 10 • Крива Паланка 15, активни 9 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 6, активни 3 • Кочани 69, активни 22 • Пробиштип 19, активни 11 • Демир Хисар 2, активни 1 • Македонски Брод 5, активни 3 • Пехчево 6, активни 3 • Берово 2, активни 0 • Валандово 6, активни 2 • Виница 3, активни 0 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 4, активни 1 • Свети Николе 30, активни 26 • Кичево 35, активни 29 • Ресен 108, активни 94 • Неготино 21, активни 10 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 954 теста се преку: ИЈЗ –232, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –109, Биотек –130, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -203, Судска медицина-17, Систина со PCR метода -109, ЦЈЗ Битола-43, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 454
• Аеродром – 166
• Бутел – 173
• Гази Баба – 185
• Центар – 152
• Карпош – 170
• Сарај – 163
• Кисела Вода – 119
• Ѓорче Петров – 118
• Студеничани – 111
• Шуто Оризари – 87
• Арачиново – 52
• Илинден – 33
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 21
• Сопиште – 13
• Зелениково-4
• Странец – 2
• Нераспределен- 7
На охридското крајбрежје продолжува акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема за враќање на плажите во првобитна состојба, а со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО.
