
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Jавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола – ЈППЈЛП Битола им соопштува на граѓните на Општина Битола дека започнува со бележење на пешачките зони (зебри).
Во таа насока апелираaт до граѓаните да ги почитуваат правилата за безбедно движење во сообраќајот, а особено да бидат внимателни со управувањето на возилата на местата каде што се врши бележењето.
Колку и да изгледаат на прв поглед разочарувачки денешниве 132 нови случаи, сепак веќе ги забележуваме првите знаци на исцрпеност на трендот, пишува во своите математичко-статистички анализи редовниот професор на Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски, без да навлегува во медицинските аспекти.
Времето утре, 17 јуни, ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Температурата во Битола до 27 степени
На денешната седница на Владата донесен е Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.
Од утре, 17 јуни, се отвораат сите гранични премини со примена на мерките што се активни, при што за влез во Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, одлучи Владата на денешната седница.
На денешниот состанок на Oпштинскиот кризен штаб се разговараше за актуелната состојба со пандемијата од КОВИД 19. На ниво на Општина Битола, бројот на нови случаи е мал, но континуираното превентивно делување, како и одговорното однесување од страна на граѓаните и редовните постапувања од страна на надлежните инспекторати и СВР Битола, остануваат главна насока за понатомошно делување.
Новиот случај позитивен на КОВИД-19 во Битола е жена вработена во позната фабрика во Битола, но не се заразила на работното место, туку преку сопругот.
Еден позитивен на КОВИД-19 е регистриран денеска во Битола, со што вкупниот број на заболени се искачи 35, а болеста е во тек кај осуммина. Од Центарот за јвно здравје велат дека станува збор за сопруга на заразен кој бил регистриран во претходните денови. Вчера министерот Венко Филипче соопшти дека заразен е еден болничар во Хируршкото одделение во Клиничката болнцата, а со симптоми е еден хирург, за кого се очекуваат резултатите, а треба да пристигнат вечерва
Уписите во средните училишта во Битола се спроведуваат во најдобар ред со почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19 и по објавениот азбучен ред. Спсиоците со редослед по азвучен ред и термините за упис истакнати се на влезните врати од училиштата, како и на фејсбук страниците на школите, па при усписите годинава нема турканици.
Во седумте средни училишта во Битола има место за упис на 1895 ученици во прва година, а завршени основци во Битола се 751. Бројката на ученици бележи пад со години нанзаад, но во средните училишта има повеќе места и затоа што во Битола се запишуваат и ученици од околните општини Ресен, Новаци, Могила, Демир Хисар, а во Средното медицинско училиште дури и од Кавадарци.
